Metodijeski, Dejan and Ackovska, Marija and Petroska Angelovska, Neda and Filiposki, Oliver (2017) Екотуризам. Longurov. ISBN 978-608-66037-1-7
Preview |
Text
Ekoturizam-kniga.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Книгата Екотуризам е наменета за сите кои работат во туристичкиот сектор, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со екотуризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на екотуризмот.
Материјалот во книгата е поделен во седум поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и објаснување на терминот екотуризам, поврзаноста на екологијата и туризмот и природните вредности како основа за развој на овој вид туризам. Во вториот дел, обработен е материјалот поврзан со историскиот развој на екотуризмот и концепциите кои ги применува Светската Туристичката Организација во однос на хронологијата и поставувањето на темелите на овој вид туризам.
Во третиот дел се разгледуваат различните дефиниции за екотуризмот од страна на постоечката и релевантна литература како и институциите кои се занимаваат со овој вид на туризам.
Четвртиот дел е посветен на анализа на екотуризмот како алтернативна форма туризам од аспект на специфичноста на туристичката понудата и големината на побарувачката. Исто така, се опишуваат карактеристиките на масовниот и алтернативниот туризам. Во петтиот дел се обработуваат основните принципи и компоненти на екотуризмот.
Шестиот дел, кој воедно е основата на оваа книга ги опфаќа учесниците во екотуризмот како управителите на заштитени подрачја; локалната заедница; туристичката индустрија изразена преку екотуристичката понуда, екодестинации, еко тури, еко патеки, еко сместување, екомузеи, еко водичи; еко храна и манифестации; владините претставници; невладиниот сектор; донатори и агенции за развој и еко туристите.
Во седмиот дел се претставени потенцијалите на Република Македонија за развој на екотуризмот, националните паркови, заштитени подрачја и природните резервати во нашата земја.
Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и интернет извори од областа на екотуризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со екотуризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните сугестии.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 21 Jun 2017 10:03 |
Last Modified: | 21 Jun 2017 10:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17974 |
Actions (login required)
View Item |