Анализа на MBC на најчесто користените антисептици и дезинфициенси во болнички услови и поставување на корелација помеѓу нивната структура и активност

Gjorgjeska, Biljana and Janeva, Andonela and Karpicarov, Dino and Velkova, Antonela and Krzovska, Viktorija and Delipetrova, Natali and Dimitrova, Ana (2017) Анализа на MBC на најчесто користените антисептици и дезинфициенси во болнички услови и поставување на корелација помеѓу нивната структура и активност. [Project]

[thumbnail of OB.06.50- Анализа на MBC на најчесто користените антисептици и дезинфициенси.pdf]
Preview
Text
OB.06.50- Анализа на MBC на најчесто користените антисептици и дезинфициенси.pdf

Download (735kB) | Preview
Official URL: https://goo.gl/VeaVSB

Abstract

Антисептиците и дезинфициенсите претставуваат биоциди, односно производи што ги уништуваат микроорганизмите или го спречуваат нивниот раст, развој и размножување.

Основната разлика помеѓу антисептиците и дезинфициенсите е тоа што антисептиците се применуваат на живо ткиво, односно се користат за постигнување на антисептичен ефект на инфицирана кожа или кога постои опасност од појава на инфекција, а дезинфициенсите се применуваат за отстранување на патогени или непатогени микроорганизми од непосредната животна околина, од разни предмети и прибор кој се користи во дијагностиката и хирургијата.

Како такви, антисептиците и дезинфициенсите наоѓаат широка примена во болничките установи. Имено, и антисептиците и дезинфициенсите поседуваат различна структура, па според тоа и различен механизам на дејство. Ова е основна причина поради која има разлика во ефикасноста помеѓу различни типови на антисептици и различни типови на дезинфициенси. За да се избере најсоодветниот антисептик, односно најсоодветниот дезинфициенс, неопходно е да се воспостави корелација помеѓу нивната структурата и дејството. Ова од една страна повлекува зголемување на ефективноста од нивната употреба, а од друга страна ќе предизвика намалување на трошоците за набавка на антисептици и дезинфициенси во болничките установи, така што набавката се ограничува само на оние антисептици и дезинфициенси кои со сигурност би покажале биоциден ефект спрема соодветниот микроорганизам

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Biljana Gorgeska
Date Deposited: 19 Jun 2017 12:23
Last Modified: 19 Jun 2017 12:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17916

Actions (login required)

View Item View Item