Современ орално-хируршки протокол за корекција на гингивална насмевка- приказ на случај

Papakoca, Kiro and Petrovski, Mihajlo (2017) Современ орално-хируршки протокол за корекција на гингивална насмевка- приказ на случај. In: 24ti Megjunaroden naucen studentski stomatoloski kongres, 19 - 21 May 2017, Ohrid, R.Makedonija.

[thumbnail of Poster ohrid 2017.pdf]
Preview
Text
Poster ohrid 2017.pdf

Download (648kB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
18425363_10210822978743916_128073034196322519_n.pdf

Download (137kB) | Preview
[thumbnail of ImageMagick conversion from image to application/pdf]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
18446576_10210822978663914_6945996824357853980_n.pdf

Download (79kB) | Preview

Abstract

Прекумерната визуализација на гингивата при смеењето е една од главните причини за посета на стоматолог и потреба од естетска корекција. За третман на оваа состојба можат да се употребуваат различни техники, зависно од анатомските варијации и потребите на пациентот. Третманот потребно е да биде внимателно планирана со цел да се избегнат дискрепанци помеѓу меките ткива и забите.
Цел на трудот- да се прикаже случај во кој е применет современиот орално-хируршки и протетски протокол за корекција на гингивална насмевка.
После адекватните предоператвни испитувања, изведена е визуелизација со помош на DSD – дигитално дизајнирани на насмевки. Дигиталното дизајнирање на насмевки користи податоци од пациентот и информации кои се добиваат од дијагностички процедури за да се формира дефинитивен план на третман.
По формирањето на планот за третман следува спроведување на истиот, односно во овој случај за корекција на гингивалната насмевка, на почетокот беше аплицирана анестезија. Со помош на соодветен клуч беше одредена позицијата на гингивата. Делот од гингивата беше отстранет со помош на скалпел, а со помош на апаратот Piezo Surgery беа отстранети и 1-3мм на коска, со цел да се постигнат посакуваните резултати. Кај пациентот во следната фаза беше изработена соодветна протетска конструкција.
Комбинацијата на орално-хируршкиот и протетски третман на оваа состојба со реконтурирање на гингивата има за цел постигнување на задоволство и соодветна естетика кај пациентот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Kiro Papakoca
Date Deposited: 16 Jun 2017 12:09
Last Modified: 16 Jun 2017 12:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17908

Actions (login required)

View Item View Item