Идентификација на минералите од локалитетот Алинци (Црн камен) со примена на XRD и SEM-EDS методи

Sijakova-Ivanova, Tena and Jovanoski, Filip and Kareski, Stefan and Atanasovska, Kristina and Nedanovska, Sara and Velinova, Angela and Maksimova, Aleksandra (2017) Идентификација на минералите од локалитетот Алинци (Црн камен) со примена на XRD и SEM-EDS методи. [Project] (Submitted)

[thumbnail of TS 1.pdf]
Preview
Text
TS 1.pdf

Download (664kB) | Preview
Official URL: https://goo.gl/jB8c0b

Abstract

Идејата за предлог на овој проект кој ќе биде во контекст на продолжувања на досегашните истражувања на локалитетот Алинци (Црн камен) потекнува од:
• зголемениот интерес за истражување на локалитетот Алинци кој претставува многу интересен локалитет од геолошки и минералошки аспект, поради присуството на голем број на карактеристични минерали;
• потребата од идентификација и детално одредување на минералoшките, кристалографските и кристалохемиските карактеристики на присутните минерали;
• недостаток на податоци за одредување на минералните парагенези кои се присутни во овој локалитет.
За реализација на поставените цели ќе се користи лабораторијата која работи во рамките на факултетот за природни и технички науки при УГД, а е опремена со рендген дифрактометар Shimadzu 6100 и SEM-EDS модел VEGA3 LMU.
Пристапот на истражувањата и проу¬чу¬ва¬њата ќе се одвива по стандардна и најсо¬вре¬мена методологија кога се во прашање лабора¬то-ри¬ските проучувања.
Во проектот како млади истражувачи ќе бидат вклучени студентите од Kатедрата за петрологија минералогија и геохемија со цел подлабоко да навлезат во начинот на испитување на минералите со различни методи, подетално запознавање со предложените методите на испитување кои се познати како едни од најдобрите методи за идентификација на минералите, како и начинот на интерпретација на добиените податоци.
Со проучувањата кои ќе бидат извршени во рамките на овој проект ќе се добијат детални макроскопски, микроскопски, кристалографски и кристалохемиски податоци за минералите од овој локалитет. Добиените податоци ќе ни послужат за одредување и подобро осознавање на минералните парагенези.
Исто така оче¬куваме да до¬биеме сосема нови резултати за поедини минерали кои досега беа на многу низок степен на истраженост и про¬у-че¬ност.

Item Type: Project
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Tena Sijakova Ivanova
Date Deposited: 12 Jun 2017 10:57
Last Modified: 12 Jun 2017 10:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17893

Actions (login required)

View Item View Item