Donev, Dragan (2016) Проблеми со прибележување на студентите при консекутивно толкување. ФИЛКО - Зборник на трудови од Прва меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование.
Preview |
Text
Проблеми со прибележување на студентите при консекутивно толкување.pdf - Published Version Download (3MB) | Preview |
Abstract
Овој труд ги анализира проблемите што студентите ги среќаваат кога
прибележуваат при консекутивно толкување. Да се премости временскиот
интервал помеѓу кодирањето и декодирањето на информацијата
претставува големо оптоварување на когнитивните способности кај оние
што за прв пат се среќаваат со овој феномен. За да се олесни процесирањето
на информацијата, од студентите се бара да развијат, усвојат и активно
користат свој сопствен систем на белешки уште од самиот почеток на
часовите по толкување. Оваа студија се ги испитува проблемите кои влијаат
врз студентите и нивниот успех на часовите по консекутивно толкување.
Тие се поделени во четири блока. Првиот блок се занимава со пречките во
процесот на слушање на изворниот текст. Тие главно се однесуваат на
брзината со која се продуцира текстот како и кратењето на речениците во
бесмислени сегменти. Блокот што ги опфаќа проблемите со прибележување
ги третира истите од аспект изнаоѓање скратеници, акроними и симболо кои
се соодветни. Блокот на дешифрирање на белешките ги анализира
проблемите што ги измачуваат студентите додека тие се обидуваат да ги
декодираат сопствените белешки. Последната група на проблеми ги опфаќа
оние кои се појавуваат за време на репродукција на текстот. Се очекува да
се лоцираат најгорливите проблеми за студентите и во иднина да се стави
поголем акцент токму врз нив. Исто така, овој труд има намера да поттикне
понатамошно дејствување во правец на истражуваања за изнаоѓање
конкретни решенија за најчестите проблеми.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Dragan Donev |
Date Deposited: | 30 May 2017 12:23 |
Last Modified: | 30 May 2017 12:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17849 |
Actions (login required)
View Item |