Рано изучување на странски јазик

Todorova, Marija and Ulanska, Tatjana (2016) Рано изучување на странски јазик. Зборник на трудови, Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи -. pp. 83-87. ISSN 978-608-242-037-0

[thumbnail of Rano izucuvanje na stranski jazik.pdf]
Preview
Text
Rano izucuvanje na stranski jazik.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Познавањето на странски јазици во денешно време е еден од основните предуслови да бидеме во тек со брзиот начин на живот и постојаниот развој. Затоа, од големо значење е да се обрне поголемо внимание на процесот на изучување на странски јазик и низата прашања поврзани со него, како на пример: Од која возраст е најдобро да се почне, дали се оптоварува детето, колку јазици може да се учат паралелно итн. Токму тие прашања се дискутираат во овој труд т.е. се обрнува внимание на наставата по странски јазик на рана возраст. Се дава осврт на општите карактеристики и специфичните принципи на раното изучување на странски јазик, општите цели на наставата по странски јазик во основно училиште, се анализира јазичната способност на децата од предучилишна и училишна возраст и развојот на јазичните вештини. Целта на трудот е да ги разоткрие можностите што ги нуди оваа настава како и неопходните услови, ефикасни техники и методи за успешно спроведување на истата и предноста од изучување на странски јазик на раната возраст.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Todorova
Date Deposited: 26 May 2017 07:53
Last Modified: 26 May 2017 07:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17821

Actions (login required)

View Item View Item