Tusevska, Borka (2017) Specifikite na bankarskata garancija kako instrument za obezbeduvanje na pobaruvanje. Правна ревија Правоматика (2). pp. 62-80. ISSN 2545-4099
Preview |
Text
specifikite na bankarskata garancija kako instrument za obezbeduvanje na pobaruvanje.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Апстракт:
Во овој труд фокусот на нашето внимание е на банкарската гаранција, и нејзините специфики како инструмент за обезбедување на побарувања. Како личен/персонален инструмент за обезбедување на побарување Личните/персонални инструменти за обезбедување на побарувања се разликуваат од стварно правните инструменти од аспект на карактерот и обемот на обезбедување. Од аспект на обемот на обезбедувањето, доверителите кои располагаат со стварно правен инструмент за обезбедување на побарувањето, се обезбедуваат од конкретен дел од имотот на должникот. За разлика од нив кај личните/персоналните инструменти доверителите се обезбедуваат од целокупниот имот на должникот. банкарската гаранција влегува во асортиманот производи и услуги на банкарскиот сектор, и тоа, во различни видови и под различни услови.
Во секојдневниот промет на стоки и услуги, бизнис секторот поклонува голема доверба на банкарските гаранции, перцепирајќи ги како најсигурени и најефикасени инструменти за обезбедување на исполнување на обврските од склучените трговски зделки. На зацврстувањето на позицијата на банкарската гаранција, големо влијание изврши и финансиската криза што ја зафати светската економија од крајот на 2007 година. Имено, паралелно со потребите и желбите за пенетрирање на нови пазари, растеше и недовербата односно стравот кај деловните субјекти од неможноста за наплаќање на своите побарувања. Токму овој сегмент од прометот на стоки и услуги, банкарскиот сектор го лоцираше како најподобно тло за пласирање на банкарските гаранции.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 16 May 2017 08:38 |
Last Modified: | 16 May 2017 08:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17780 |
Actions (login required)
View Item |