Играв јас, сега играј ти

Mirascieva, Snezana and Simonovska, Elizabeta (2017) Играв јас, сега играј ти. Просветно дело Скопје. ISBN 978-608-228-285-5

[thumbnail of Играв јас, сега играј ти.pdf]
Preview
Text
Играв јас, сега играј ти.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Публикацијата „Играв јас, сега играј ти“ настана како резултат на долгогодишната соработка со педагогот, воспитувачите и негувателите во ОЈУДГ „Астибо“ Штип. Низ разните форми на соработка, размената на идеи и искуства, воведувањето на иновативни активности и заеднички реализирани проекти, се роди идејата за публикување на нашите теоретски и практични сознанија и искуства. Всушност, идејата е резултат на реализираните обуки на воспитувачите и негувателите за правилна примена на Стандардите за рано учење и развој и потполна реализација на Програмата за рано учење и развој. Во тој контекст беа организирани повеќе интерни обуки меѓу кои и едукативната работилница на тема „Дидактички игри - од теорија до пракса“. Оттука започна процесот на собирање на игрите во една колекција од функционален карактер која ќе биде водич и извор на инспирација и креативност на оние што ќе ја користат. При изборот на игрите, во целост се водевме од водечките принципи во Стандардите за рано учење и развој кои се темелат на холистичкиот пристап во развојот на детето. Од друга страна, идејата за оваа публикација произлезе од нашата желба да се врати традицијата во современото живеење. Првиот сигурен чекор е воведување на традиционалните детски игри во градинката преку функционалниот спој со современите трендови во воспитно-образовната работа во насока на правилен развој на детето.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Mirascieva
Date Deposited: 16 May 2017 08:47
Last Modified: 06 May 2019 09:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17779

Actions (login required)

View Item View Item