Инфлацијата како израз на нерамнотежата во стопанството на една земја

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Milanovski, Nikola (2011) Инфлацијата како израз на нерамнотежата во стопанството на една земја. In: Годишен зборник 2011, Економски факултет. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, pp. 105-114. ISBN 1857-7628

[thumbnail of Инфлација-труд 7.docx] Text
Инфлација-труд 7.docx

Download (304kB)

Abstract

Апстракт
Инфлацијата влегува во редот на најсложените и најкомплексните
економски појави. Постои во сите земји со пазарна економија и во оние
земји кои се во транзиција. Нејзиното постоење и појава датира уште
многу одамна. John Maynard Keynes уште во 1920 година напишал дека не
постои посигурен и попрефинет начин на рушење на постојните основи на
едно општество, од депрецијацијата на вредноста на националната валута.
Тој процес на страна на деструкцијата ги поврзува сите скриени сили на
економските текови, поради што во економската теорија прашањето за
инфлацијата зазема посебен интерес. Се смета дека ништо не пробудува
посебен интерес како што е прашањето на стабилни цени и здравата
солидна валута, односно прашањето на борбата со инфлацијата.
Поимот инфлација потекнува од латинскиот збор infl ation што
значи зголемување на нешто. Инфлацијата се дефинира како процес
којшто сам се поддржува и од различни причини предизвикува растеж
на цените, кој постепено порано или подоцна, откако ќе се искористат
стимулативните ефекти од растежот на цените, доведува до опаѓање на
животниот стандард на поголем дел од населението, до исцрпување на
националните извори на девизи, до влошување на девизниот биланс и на
курсот на националната валута и конечно до нарушување на пазарот, кое
го отежнува функционирањето на стопанството.
Клучни зборови: пораст, цени, влошување, економија.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 24 Nov 2012 10:34
Last Modified: 27 Nov 2012 07:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1773

Actions (login required)

View Item View Item