Отстранување на плевелите – некогаш и сега

Ilieva, Verica (2015) Отстранување на плевелите – некогаш и сега. Discussion Paper. Општина Кочани.

[thumbnail of Monografija za ORIZOT__verica.pdf]
Preview
Text
Monografija za ORIZOT__verica.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Плевелите претставуваат еден од најзначајните ограничувачки фактори во
производството на ориз. Присуството на плевелите во посевите секогаш резултира
со намален принос и лош квалитет на оризот, а нивната контрола е еден од најтешките
и најскапи производни процеси. Од тие причини, во праксата еволуирале многу различни
методи за контрола на плевелите. Во принцип, разликите меѓу методите за контрола на
плевелите произлегуваат од различните начини на производство на ориз.
Во Македонија, традиционално оризот се одгледува со директна сеидба во вода. Овој
начин на одгледување условува уништување на одредени видови плевели, но и нормален
развој на други видови плевели, особено на хидрофилните. При тоа, плевелите никнуваат
истовремено со никнењето на оризот, во одредени услови и многу порано, и од самиот
почеток на производниот процес, претставуваат силни конкуренти на оризот за вода, животен
простор, хранливи материи, светлина, СО2
и други ресурси. Опасноста од конкуренцијата
зависи од видот и густината на плевелите, како и од времетраењето на конкуренцијата. За
максимален принос се препорачува рано отстранување на плевелите, кога оризот е сè уште
во рана вегетативна фаза.
Ефикасна систематска борба против плевелите претставува комбинацијата од
превентивни, механички, производни и хемиски мерки.

Item Type: Monograph (Discussion Paper)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Verica Ilieva
Date Deposited: 18 Apr 2017 13:17
Last Modified: 18 Apr 2017 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17716

Actions (login required)

View Item View Item