Без компромиси во однос на хируршките императиви во импланто - протетската рехабилитација

Papakoca, Kiro (2016) Без компромиси во однос на хируршките императиви во импланто - протетската рехабилитација. In: Implantologia Forum, 17 Dec 2016, Skopje, Macedonia.

[thumbnail of 1. Prezentacija Kiro Papakoca - skopje 2016. 1-1.pdf]
Preview
Slideshow
1. Prezentacija Kiro Papakoca - skopje 2016. 1-1.pdf

Download (2MB) | Preview
[thumbnail of Fb post FORUM2.png]
Preview
Image
Fb post FORUM2.png

Download (213kB) | Preview
[thumbnail of Info Forum dekemvri 2016.pdf]
Preview
Text
Info Forum dekemvri 2016.pdf

Download (207kB) | Preview

Abstract

Еден од најважните услови кој треба да го обезбедиме во текот на интервенцијата, за да превенираме секаква бактериолошка контаминација e Оперативна асепсија.

Подигањето на периосталното ламбо било истакнато како еден од факторите кои придонесуваат за маргинална коскена ресорпција.
Wilderman и сор. истакнале дека главната хоризонтална коскена загуба по хируршката процедура која опфаќа подигање на периостот е приближно со вредност од 0.8 мм додека потенцијалот за репарација е од голема зависност со количината на спонгиозната коска.
Во вториот стадиум од третманот со имплантирање, кај успешно остеоинтегриранте имланти коскената ресорпција во најголемиот број на случаи е вертикална и регистрирана само околу имплантот, а не и кај околната коска.
Начинот на препарација на коската е услов за тоа како таа понатаму ќе заздравува.Без разлика на хируршките услови, некрозирана зона ќе се појави како резултат на траумата на која е изложена коската.Тука мислиме на примарниот фактор кој го попречува нормалното заздравување на коската, а тоа е загревањето дегажирано од ротирачките инструменти во тек на препарација на коската. Максималната температура не треба да премине над 46ºC повеќе од 1 минута!
Оклузија и биомеханика = златни стандарди после оптоварувањето - за успешно и долгорочно импланто – протетски решение.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Kiro Papakoca
Date Deposited: 10 Apr 2017 09:46
Last Modified: 10 Apr 2017 09:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17620

Actions (login required)

View Item View Item