Улогата на традиционалната кинеска медицина во намалување на болката кај пациенти со цервикален синдром

Abdulova, Imihan (2017) Улогата на традиционалната кинеска медицина во намалување на болката кај пациенти со цервикален синдром. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Imihan Abdulova - Specijalisticki trud (1).pdf]
Preview
Text
Imihan Abdulova - Specijalisticki trud (1).pdf

Download (888kB) | Preview

Abstract

Цервикалниот синдром претставува збир на симптоми кои основно место ја
карактеризира болката, следена со главоболка, несвестица, болки во рамо,
рацете, вкочанет врат и т.н. Статистичките податоци покажуваат дека голем
број од популацијата, претежно луѓето во средните години го имаат проблемот
со цервикален синдром. Луѓето кој што се склони кон настанување на проблеми
во вратот се со повеќе часовно работно време, физичка неактивност, со
неправилно држење на главата, неправилно спиење, луѓе изложени на стрес или
луѓе со наследна предиспозиција.
Причините за настанувањето на цервикален синдром можат да бидат
најразлични.
 Неспецифична болка
Ова е најчестиот вид. Таа уште се нарекува и „едноставна“ или „механичка“
болка. Може да се работи за истегнување на мускулите или лигаментите, но
можно е да се должи и на неправилен телесен став.
 Ненадеен удар
Најчесто при сообраќајни несреќи доаѓа до нагла флексија и екстензија во
вратот, кое што предизвикува долготрајни последици. Вратниот `рбет кој се
наоѓа помеѓу главата и торакалниот `рбет, е почесто изложен на микро трауми,
кои предизвикуваат долготрајни болки во вратот и главата.
 Вкочанет врат
При оваа состојба, движењето на вратот во одредена насока станува болно.
Најчесто се работи за помали истегнувања на мускулите или лигаментите во
вратот, а најчесто се должи на лошото спиење, т.е. несоодветната перница.
 Дегенеративни промени во цервикалниот ’рбет
При дегенеративни промени на коските и „дисковите“ помеѓу пршлените
(особено кај постарите луѓе), се јавуваат болки во вратот. Според Проф. д-р.
Zhong Zhaoming, заменик главен лекар во одделот за ортопедија во болницата
Nanfang, болките во вратот се предизвикани од дегенеративни промени на
формата на вратните прешлени или стеснување на цервикалниот канал при што
се врши компресија на нервните корени на цервикалниот дел од `рбетниот
мозок, и се предизвикуваат клинички симптом на болеста. Болеста е почеста кај
пациенти постари од 40 години.
Според Проф. Д-р Јанг, главен лекар во одделот за ортопедска хирургија во
државната болница Вухан, зглобните интервертебрални дискови, лигаменти и
мускули се задолжени за стабилност на цервикалниот `рбет. Патолошките
промени во мускулите, цервикалните прешлени и лигаментите предизвикуваат
појава на болка која од акутна може да премине во хронична. Хронична болка на
'рбетот се јавува претежно кај оние луѓе кој долго време се занимаваат со
везење, шиење, сликање, пишување. Лошото држење на телото при лежење,
гледање телевизија, читање, висока перница, спиењето во автомобил
допринесуваат за појавата на цервикални заболувања.
 Притиснат нерв
Остеофитите кои што настануваат при дегенеративните промени во вратните
прешлени предизвикуваат компресија на спиналните нерви и предизвикуваат
појава на болен синдром. Кога нервот е притиснат (или оштетен) се јавуваат
силни болки во вратот, трпнење, боцкање и слабост во деловите од раката кои
се поврзани со тој нерв.
 Посериозни (и поретки) причини
Тука се вбројуваат: ревматоиден артритис, инфекции, рак и сериозни повреди
на ’рбетниот столб.
Сите овие причини доведуваат до промени во вратниот дел, промени на
мускулатурата, лигаментите, нервите, намалување на циркулацијата во крвите
садови, намалување на мускулниот рефлексен спазам. Со текот на времето
може да настанат дегенеративни промени и акутниот цервикален синдром да
премине во хроничен синдром, со што уште повеќе ќе се влоши здравствената
состојба на пациентот.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 Mar 2017 12:06
Last Modified: 14 Mar 2017 12:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17585

Actions (login required)

View Item View Item