Tusevska, Borka (2012) Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола. Зборник на Правен факултет - Штип .
Text
мерки на одбрана од непријателско преземање.doc Download (144kB) |
Abstract
Пристапувањето кон анализа и елаборирање на прашањата за „непријателското преземање“ (hostile/unfriendly takeover) и „мерките на одбрана“ (defensive measures) бара темелно проучување на ова сложена и контроверзна проблематика. Имено, бројните практични проблеми, неусогласената судска практика и непостоењето на соодветни/конкретни законски решенија на полето на преземањето, предизвика широки и суштински дискусии во рамки на повеќето земји членки на европската заедница и европската комисија. Во компаративно правната литература и легислатива егзистираат повеќе хетерогени решение на полето на преземањето. Токму хетерогеноста на решенијата од поединечните правни системи/законодавства претставува научен стимуланс/предизвик за пристапување кон продлабочена анализа и конструирање на едно оптимално de lege ferenda решение. Актуелноста и комплексноста на проблематиката – „мерки на одбрана од преземањето контрола“ – најилустративно преку случајот Gucci v. LVMH (Moët Hennessy Louis Vuitton SA) – неуспешниот обид на LVMH за преземање на Gucci.
Непријателското преземање (преземање на акционерско друштва спротивно на волјата на управата на друштвото) претставува материја што го привлекува вниманието на поширок круг интересенти – адвокати, банки, брокерски куќи, инвестирачки компании итн. Во современата правна теорија, под околопот на ова прашање, посебна/нова димензија добива материјата „мерки на одбрана од непријателско преземање“ на што ќе го фокусираме нашето внимание во овој труд.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 22 Nov 2012 15:02 |
Last Modified: | 28 Jan 2013 08:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1746 |
Actions (login required)
View Item |