Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Georgieva Svrtinov, Vesna (2016) Предизвици на менаџерското сметководство во услови на глобализација. VI Меѓународна научна и практична конференција „Управување со развојот на економските регионални системи: eвроазиска перспектива. ISSN 978-608-244-374-4
Preview |
Text
trud BK.pdf Download (507kB) | Preview |
Preview |
Text
rusija makedonija final[1]111.pdf Download (675kB) | Preview |
Abstract
Во услови на глобалниот раст и развој, паралелно се развиваат и имплементираат и ефективните стандарди за сметководствено работење земајќи предвид практиката на финансиското управување со компаниите меѓу повеќето земји, вклучително и оние кои се однесуваат на сериозни проблеми во меѓународниот бизнис, особено мултинационалните компании и меѓународните инвеститори. Глобализацијата во бизнис активностите, особено во пазарот на капитал, ја условува уште толку потребата за глобализирање на стандардот за управување и менаџментот со сметководственото работење. Сето ова се реализира како процес на намалување на разликите меѓу националните системи и стандарди на повеќето земји.
Предметот на истражување во овој труд претставува улогата и значењето на современиот, односно глобалниот концепт на согледување на финансиската положба на македонските компании во однос на втемелените Меѓународни сметководствени стандарди и предизвиците наменаџментот на сметководственото работење. Акцелераторски, сеприсутната појава, нарастувачките, манифестирани, лоши бизнис-финансиски состојби на македонските компании, ја наметнуваат уште толку потребата за изнаоѓање на оптимални решенија, со цел хармонизација на националните сметководствени стандарди со меѓународните. Генерално, целта на истражување во овој труд ќе биде процесот на глобализација на стандардизирањето на сметководствениот менаџмент. Конкретно ќе се земе предвид важноста на сметководственото ефективно работење воопшто и факторите кои ги условуваат разликите меѓу националните сетови на стандарди и интернационалните.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 17 Feb 2017 10:18 |
Last Modified: | 17 Feb 2017 13:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17443 |
Actions (login required)
View Item |