Молчењето како начин на изразување волја на понудениот

Tusevska, Borka (2009) Молчењето како начин на изразување волја на понудениот. Pravnik.

[thumbnail of Молчењето како начин на  изразување согласнот на понудениот.doc] Text
Молчењето како начин на изразување согласнот на понудениот.doc

Download (108kB)

Abstract

За да може определен предлог за склучување на договор да се квалификува како понуда во правна смисла, потребно е да бидат исполнети два услова. Првиот по својата природа е објективен и се однесува на содржината на конкретниот предлог, додека вториот е од субјективна природа, и ја покажува желбата (намерата/animus contrahendi) на понудувачот да се обврзе во случај на прифаќање на понудата. Во однос на акцептот кој понудата ја трансформира во договор, неопходна е усогласеноста со условите предложени од страна на понудувачот (објективен елемент) и присуството на намерата за обврзување на страната на понудениот – субјективен елемент. Ова во смисла на тоа што прифаќањето е изјава на волја дадена во намера за склучување на договор. Сепак, намерата е клучниот елемент на акцептот (indication of assent). Преку намерата понудениот манифестира согласност за прифаќање на правното дејство кое произлегува од настанувањето на предложениот договор. Согласноста за склучување на договорот под условите утврдени во понудата, понудениот може да ја манифестира на повеќе начини помеѓу кои и молчењето. Наспроти ова, преку молчењето не може да се направи иницијатива за склучување на договор.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 22 Nov 2012 15:02
Last Modified: 05 Dec 2012 09:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1744

Actions (login required)

View Item View Item