Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик

Belcev, Tole (2016) Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик. Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип, Република Македонија. ISBN 978-608-244-343-0

[thumbnail of Belcev Recnik na arhaizmi finalna verzija.pdf]
Preview
Text
Belcev Recnik na arhaizmi finalna verzija.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Речникот на универзитетскиот професор Толе Белчев со наслов „Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик“ покажува дека авторот се зафатил со една мошне обемна и макотрпна лексикографска задача. Овој најнов речник во кој се дадени значењата на многубројни турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови се појавува, исто така, да пополни уште една празнина во македонската лексикографска и, воопшто, јазична средина. Како специфика на овој „Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик“ треба да се издвои едноставното појаснување на значењето (поимањето) на лексичките единици што се предмет на обработка во речникот. Кај поголем број турцизми, архаизми и дијалектизми значењето е дадено на едноставен начин, со еден збор, како на пример: акчилница = гостилница; апс = затвор; ариза = подари; нарач = порака; неграмотен = неписмен; опул = поглед и слично. Овој „Речник на турцизми, архаизми, дијалектизми и ретко употребувани зборови во македонскиот јазик“ во голема мера ќе им послужи на студентите коишто студираат на катедрите за македонски јазик на сите универзитети во државава, но тој ќе биде од полза и за сите оние што на каков било начин се занимаваат со македонскиот јазик затоа што станува збор за солидно изработен речник со едноставни и разбирливи појаснувања на значењата на лексемите што се обработуваат во него.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Tole Belcev
Date Deposited: 16 Feb 2017 12:30
Last Modified: 16 Feb 2017 12:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17438

Actions (login required)

View Item View Item