Kusevska, Marija (2016) Употреба на Европското јазично портфолио за самооценување и развивање автономија при учењето странски јазици. In: Меѓународна научна конференција „Климентово дело“ (јазик, литература, образование, култура), 23-24 June 2016, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Conference Programme.pdf Download (737kB) | Preview |
Preview |
Text
Употребата на Европското јазично портфолио за самооценување и автономија .pdf Download (321kB) | Preview |
Abstract
Европското јазично портфолио (ЕЈП) е документ којшто Европскиот совет го креираше за подршка на учењето јазици. Документот е поврзан со Заедничката европската рамка на референтни нивоа (ЗЕРР) и им овозможува на изучувачите на јазици да развијат рефлективен приод кон учењето: да ги опишуваат своите искуства, да ги определуваат целите и според нив да го планираат учењето и да вршат самооценување на постигнатите резултати. ЕЈП придонесува учењето да биде целно насочено и транспарентно, ја поттикнува одговорноста на изучувачите и ја развива нивната автономија во учењето. Освен тоа, ги поттикнува да го поврзуваат учењето не само со училишните активности туку и со сите други активности надвор од училиштето. Употребата на Портфолиото во наставата овозможува учество на учениците/студентите во креирањето на наставната програма и нејзино прилагодување кон нивните потреби и интереси.
Во ова излагање ќе наведеме некои искуствата во врска со имплементација на ЕЈП во формалното и неформалното образование, како и на факултетско ниво. Ќе се осврнеме и на некои нови трендови при користењето на ЕЈП поттикнати од развојот на технологијата, како и на тенденцијата за замена на традиционалниот формат со виртуелен.
Клучни зборови: автономија, ЕЈП, ЗЕРР, рефлективен приод, самооценување
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Kusevska |
Date Deposited: | 17 Feb 2017 10:14 |
Last Modified: | 17 Feb 2017 10:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17421 |
Actions (login required)
View Item |