Анализа на одредбите на колективните договори во Република Македонија во периодот 1990-2010 од аспект на примена на начелото поповолност за вработените (in favorem laboratories)

Majhosev, Andon (2016) Анализа на одредбите на колективните договори во Република Македонија во периодот 1990-2010 од аспект на примена на начелото поповолност за вработените (in favorem laboratories). Годишен зборник на Правен факултет 2016, Vol. 6 (1). pp. 53-62. ISSN 1857-7229

[thumbnail of Copy of АНАЛИЗА НА ОДРЕДБИТЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 1994.pdf]
Preview
Text
Copy of АНАЛИЗА НА ОДРЕДБИТЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 1994.pdf

Download (539kB) | Preview
[thumbnail of sodrzina na godisen zbornik 2016(2).pdf]
Preview
Text
sodrzina na godisen zbornik 2016(2).pdf

Download (336kB) | Preview
[thumbnail of za izdavacot 2016(1).pdf]
Preview
Text
za izdavacot 2016(1).pdf

Download (240kB) | Preview

Abstract

Основно истражувачко прашање во овој труд (анализа) е дали во колективните договори во Република Македонија е имплементирано начелото поповолност за вработените (in favorem laboratories) и до кој степен?. И колку моќта на синдикатот допринела за вградување на интересите на вработените во одредбите на колективните договори?. Одговорите на горенаведените прашања ќе ги добиеме преку примена на методот на анализа на содржината на одредбите на Законот за работни, Општите колективни договори и посебните (гранкови) колективни договори и интервју на дваесет претставници на синдикатот, здруженијата на работодавачи и власта.
Трудот во основа претставува долгорочна, систематска и темелна анализа на одредбите на колективните договори на двe нивоа во периодот 1990-2010 година. Прво ниво на анализа се одредбите на Општите и посебни колективни договори во однос на oдредбите на Законот за работни односи. Второ ниво на анализа се одредбите на посебните (гранските) колективни договори за стопанството и нестопанство во однос на одредбите на Општиот колективен договор за стопанството, односно одредбите Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои
51
вршат нестопанска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 39/94) од аспект на примена на начелото на поповолност за вработените (in favorem laboratories) за најважните права од работен однос (засновање на работен однос, распоредување на работникот, приправниците, плата, надоместоци на плата, одмори и отсуства, заштита при работа, престанок на работниот однос, заштита на правата на работниците, правото на штрајк, решавање на спорови и арбитража и др.).
Во анализата на одредбите на посебните (гранкови) колективни договори беа анализирани одредбите на еднаков број на посебни колективни договори од областа на стопанството и нестопанството (јавниот сектор), со цел да добиеме една реална слика за имплементацијата на начелото in favorem laboratories во колективното преговарање во Република Македонија.
Клучни зборови: колективно преговарање, стопанство, јавен сектор, синдикат

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 13 Feb 2017 08:21
Last Modified: 13 Feb 2017 08:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17358

Actions (login required)

View Item View Item