Орална хирургија 1

Dimova, Cena (2017) Орална хирургија 1. Univerzitet "Goce Delcev" Stip. ISBN 978-608-244-373-7

[thumbnail of ОРАЛНА ХИРУРГИЈА 1 - Цена Димова - repoz.pdf]
Preview
Text
ОРАЛНА ХИРУРГИЈА 1 - Цена Димова - repoz.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Учебникот Орална хирургија 1 е наменет за студентите по Дентална медицина при Факултетот за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со единствена цел полесно да ги совладаат методските единици кои се предвидени според програмата за истоимениот предмет.
Овој учебник е плод на мојата долгогодишна работа најпрво како асистент на овој предмет, а потоа како наставник на овој Факултет на групата предмети од областа на орална хирургија.
Оралната хирургија ги опфаќа интервенциите и процедурите на дентоалвеоларниот сегмент и меките ткива на оралната празнина, вклучувајќи го конзервативното и хируршкото лекување на дентогените инфекции, вградувањето на вештачки материјал во виличната коска (импланти) како и лекувањето на некои болни синдроми во пределот на лицето и вилиците. Оваа област честопати се нарекува амбулантна орална хирургија.
Оралната хирургија е основна хируршка дејност во стоматологијата и во рамките на примарната здравствена заштита, така оралната хирургија е вклучена во сите видови на стоматолошка заштита.
Имено, во примарната превенција наоѓа место преку спречувањето на настанување на некои неправилности (ортодонтски аномалии), преку различни видови интервенции (кортикотомија, фенестрација, френулектомија), но и вадење на заби со цел за решавање на збиеност на забните лаци.
Во оралната хирургија најчесто се изведуваат интервенции со цел за лекување на поедини заболувања или неправилности, коешто припаѓа на секундарната превенција (екстракција на импактирани заби, апикотомии, цистектомии итн.).
Исто така, оралната хирургија наоѓа свое значајно место и во рехабилитацијата на стоматолошките пациенти, односно терциерната превенција, применувајќи разновидни операции од доменот на претпротетската хирургија и имплантологија.
Секаква добронамерна сугестија во смисла на подобрување на текстот од овој учебник ќе биде со цел за појасно претставување на градивниот материјал и ќе биде сериозно разгледана, прифатена и имплементирана во некое следно издание.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 10 Feb 2017 14:42
Last Modified: 10 Feb 2017 14:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17336

Actions (login required)

View Item View Item