Улогата на електронското банкарство во насока на поголема ефикасност во работата на банките и нивните клиенти, со посебен осврт на банкарскиот систем во Република Македонија

Jovanov, Radmila (2017) Улогата на електронското банкарство во насока на поголема ефикасност во работата на банките и нивните клиенти, со посебен осврт на банкарскиот систем во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of Lektoriran magisterski trud pdf.pdf]
Preview
Text
Lektoriran magisterski trud pdf.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Актуелноста на електронското банкарство во светски размери придонесе до сè поголем акцент на е-банкарството и во македонските банки, кои сè поинтензивно започнаа да го применуваат како главен начин на нивно функционирање. При обработка на оваа проблематика ќе се даде одговор на бројни прашања што се јавуваат како важни: што опфаќа системот на електронско банкарство, од каде произлегува потребата за негово воведување, кои се основите форми на електронско банкарство, кои се придобивките од воведувањето на ваков начин на функционирање, колку истиот ќе ги промени односите банка – клиент, кои ризици ги носи со себе и каква трансформација би претрпеле банките со делумно или целосно усвојување на ваквиот начин на функционирање. На крајот, преку спроведено емпириско истражување ќе се потврди дека со употребата на електронското банкарство клиентите добиваат многу придобивки кои водат до поголема ефикасност во нивното секојдневно работење.
Клучни зборови: електронски платни системи, ризици, типови, системи на заштита, банкомати, платежни картички, ПОС терминали.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 10 Feb 2017 13:25
Last Modified: 10 Feb 2017 13:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17328

Actions (login required)

View Item View Item