Prgova, Biljana and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana (2009) Псоас-апсцес (приказ на случај). In: Книга на апстракти-5-ти Конгрес на радиолози на Македонија со меѓународно учество, 20-23 Sept 2009, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
5-ti Internacionalen kongres na radiolozi.pdf Download (734kB) | Preview |
Preview |
Text
Psoas-apsces.pdf Download (275kB) | Preview |
Abstract
Цел: Да се прикаже случај на секундарна инфекција на мускулус илеопсоас, како ретка компликација после апендектомија.
Приказ на случајот: Се презентира случај на 50-годишна жена, која е примена на Интерно одделение во Воена болница-Скопје, со пролонгирана фебрилна состојба (со температури од 40-42оC), болки десно ингвинално и по должина на десната нога, како и палпаторно болно-осетлива тврдина. Симптомите перзистирале неколку месеци, а се јавиле после извршената апендектомија. Направени се низа иследувања (биохемиски и микробиолошки-хемокултура), по кои е поставено сомнение за постоење на периапендикуларен апсцес. Иницијално е поставена на антибиотска и супортивна терапија, но без значително подобрување на состојбата, заради што е поставена индикација за компјутеризирана томографија со која е утврдена промена во големината и дензитетот на десен м.илеопсоас, почнувајќи од под долниот пол на бубрегот дистално по цела должина. Во муслулот се евидентирани хиподензни формации со дензитет од 30 H.Е., што одговара за гнојни колекции. Пациентката е префрлена на Одд. за дигестивна хирургија, каде е извршена инцизија, евакуација, лаважа и дренажа на апсцесните шуплини, од кои е земен брис и е докажана бактериска инфекција со Staphylococcus haemolyticus. Постоперативниот тек е уреден и пациентката е отпуштена во добра општа состојба.
Заклучок: Прикажана е ретка компликација после апендектомија, за чие дијагностицирање беше неопходна компјутеризирана томографија, како супериорна радиолошка метода за дијагноза на патолошки состојби во ретроперитонеумот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Andrijana Sterjovska Aleksovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2017 13:24 |
Last Modified: | 10 Feb 2017 13:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17321 |
Actions (login required)
View Item |