Prgova, Biljana and Atanasov, Dzvonko and Sterjovska-Aleksovska, Andrijana (2009) Синглслајсна vs. мултислајсна КТ во дијагностика на ангиомиолипом на бубрег (приказ на случај). In: Книга на апстракти-5-ти Конгрес на радиолози на Македонија со меѓународно учество, 20-23 Sept 2009, Ohrid, Republic of Macedonia.
Preview |
Text
5-ti Internacionalen kongres na radiolozi.pdf Download (734kB) | Preview |
Preview |
Text
Angiomiolipom bubreg.pdf Download (515kB) | Preview |
Abstract
Цел: Да се прикаже случај на бенигнен тумор на бубрегот-ангиомиолипом, кој заради мешовитиот состав и присуството на туморски маси во вена реналис, доведе до дијагностичка дилема за малигнитет.
Кај 55-годишна пациентка е индицирана компјутеризирана томографија по претходен ултразвучен преглед, при кој е регистриран тумор на горен пол на левиот бубрег, а парааортално се опишани пакети од сигнификантно зголемени лимфогландули. На KT апарат Somatom HRP се виде хетеродензна добро васкуларизирана ТУ-формација со димензии 9x6x6 cm, која врши компресија на горната група чашки на бубрегот и која во континуитет продолжува кон левата ренална вена, во чиј лумен исто така се забележуваат туморски маси, но не се видени сигнификантно зголемени лимфогландули. Поради утврдување на евентуална инфилтрација на а. и в. реналис и односот на туморот кон крвните садови, се препорача 64-мултислајсна КТ. На реализираната 64-МСКТ на аорта со ренални артерии констатирана е малформација од билатерално присутни по 2 ренални артерии. Ту-формацијата на горниот пол на бубрегот не ги инфилтрира околните анатомски структури, но се пропагира кон реналните крвни садови. Регистрирана е туморска маса и во луменот на левата ренална вена, но без знаци за пробив на истата. После давање на и.в. контраст утврдено е поинтензивно контрастно пребојување во артериската фаза, а во паренхимската и доцната фаза-брзо обезбојување, што може да оди во прилог на ангиомиолипом. Направена е нефректомија и патохистолошки е потврдена дијагнозата.
Заклучок: Со 64-мултислајсниот КТ во споредба со синглслајсниот, може да се добијат подетални сознанија за карактерот на туморската промена, за состојбата на крвните садови, како и за евентуално нарушување на циркулацијата, информации кои се неопходни за натамошен хируршки третман.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Andrijana Sterjovska Aleksovska |
Date Deposited: | 10 Feb 2017 13:18 |
Last Modified: | 10 Feb 2017 13:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17318 |
Actions (login required)
View Item |