Denkova, Jovanka (2015) Споменици на исламската култура и цивилизација во Штип. In: Четврти меѓународен конгрес „Исламска цивилизација на Балканот“, 13-17 Oct 2010, Skopje, Macedonia.
Preview |
Text
za manu2015.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во овој труд се прави осврт кон културното и цивилизациското исламско наследство на територијата на град Штип.
Тука, во прв ред се мисли на Безистенот, градската саат кула, како и Хуса Медин Пашината џамија, која меѓу христијанското население е позната како црква Св. Илија. Авторот на трудот ќе се осврне на историските податоци поврзани со овие културно драгоцени споменици, општествено-економските и други прилики при нивното создавање, нивните специфики и она што ги одделува од останатите градби од овој период, нивната сегашна состојба, начините на нивна презервација и реставрација, односно проектите и активностите кои се преземаат за таа цел.
Ваквите градби се своевиден споменик на исламската култура и цивилизација на Балканот, но истовремено се и споменик на соживотот на овие простори.Тие се сведоштва за мултикултурната коегзистенција во овој регион, и во тој контекст би ја посочиле Хуса Медин Пашината џамија, која христијаните сеуште ја почитуваат и посетуваат на празникот Св. Илија. Особено силна е вербата на македонските жени желни за пород во моќите на овој древен споменик.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 10 Feb 2017 08:40 |
Last Modified: | 10 Feb 2017 08:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17283 |
Actions (login required)
View Item |