Инклузивноста - индикатор за квалитетно образование

Jovanova-Mitkovska, Snezana and Popeska, Biljana (2016) Инклузивноста - индикатор за квалитетно образование. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers, 12.1. pp. 29-35. ISSN 1857-92

[thumbnail of Inkluzivnosta indikator za kvalitetno obrazovanie.pdf]
Preview
Text
Inkluzivnosta indikator za kvalitetno obrazovanie.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Инклузивноста - индикатор за квалитетно образование.pdf]
Preview
Text
Инклузивноста - индикатор за квалитетно образование.pdf

Download (734kB) | Preview

Abstract

Една од димензиите на квалитетно образование која подразбира вклучување на сите деца во образовниот систем, еднакво учество на сите деца во предвидените активности, надминување на стереотипите од наставните програми, материјали,.. е димензијата – инклузивност. Нејзината успешна имплементација во голема мера зависи од квалитетот на работа на еден од клучните субјекти во образованието, учителот (наставникот, воспитувачот). Во трудот се говори за подготвеноста на учителите (наставници, воспитувачите) за имплементирање на инклузивното образование, нивната подготвеност за подржување на различните потреби на сите деца, нивниот капацитет за реализирање на т.н. инклузивна пракса. Презентирани се резултати од реализирано квалитативно истражување чија цел беше стекнување на сознанија за оспособеноста на наставниците, воспитувачите за имплементација на инклузивната пракса како и предлози, сугестии за понатамошни акции на ова поле. Се примени методот на теоретска анализа насочен кон анализа на студиските програми како и дескриптивно аналитичкиот, дескриптивно-експликативниот метод. Од техниките за собирање на податоци користена е техниката интервјуирање со нејзиниот инструмент протокол за слободно интервју. Резултатите, сугестиите и предлозите кои ни ги упатија наставниците, воспитувачите упатуваат на потребата од понатамошна работа со цел постигнување на успешни резултати на полето на инклузивното образование.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 09 Feb 2017 09:40
Last Modified: 09 Feb 2017 09:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17195

Actions (login required)

View Item View Item