Демократијата како вредност на политиките за проширување на Европската унија

Nikodinovska Krstevska, Ana and Shikova, Natalija (2016) Демократијата како вредност на политиките за проширување на Европската унија. Зборник на трудови од Трета научна меѓународна конференција Општествените промени во глобалниот свет. pp. 697-719. ISSN 978-608-244-353-9

[thumbnail of содржина.pdf]
Preview
Text
содржина.pdf

Download (262kB) | Preview
[thumbnail of demokratijata kako vrednost na politikata za prosiruvanje na evropskata unija.pdf]
Preview
Text
demokratijata kako vrednost na politikata za prosiruvanje na evropskata unija.pdf

Download (221kB) | Preview

Abstract

Демократијата заедно со владеењето на правото, со човековите права и со заштитата на малцинствата – тоа се неопходни стандарди што државите заинтересирани за пристапување кон Европската Унија треба да ги гарантираат преку своите стабилни институции. Оваа конститутивна норма на Унијата, за прв пат се кодификува со Луксембуршкиот извештај од 1970 г., во кој експлицитно се пропиша дека членството во Заедницата е отворено за сите земји со демократски избрана влада. Тргнувајќи од фактот дека во меѓународното право сè уште не постои единствена дефиниција и општо прифатено стојалиште за демократијата, Унијата нејзе ја поистоветува со „...[у]ниверзално признати принципи врз кои се темели организацијата на државата и кои го гарантираат уживањето на правата и на основните слободи, а притоа Унијата им остава целосна слобода на државите сами да си го развијат својот модел на уредувањ[е].... Врз основа на тоа, Унијата ги презентира демократските принципи како постулати кои поседуваат карактеристики на легитимност, на легалност и на ефективност, што една земја треба да ги исполнува, а се состојат од: правото на избор и на смена на владата на слободни и фер избори; поделба на власта на законодавна, извршна и судска; промоција и заштита на основните права и слободи; заштита на слободата на изразување, информирање, здружување и на политичка организација; независност на судството; политички и институционален плурализам; транспарентност и институционален интегритет, и др.
Тргнувајќи од оваа премиса, овој труд ја разработува демократијата како вредност и како принцип на Европската Унија виден низ призмата на политиката за проширување и тоа со посебен осврт кон Република Македонија. Имено, од една страна во трудот ќе се направи анализа на промоцијата на демократијата кон Република Македонија преку евро-интегративните процеси и преку надворешната политика на Унијата кон државата , додека од друга страна ќе се утврдат демократските стандарди и принципи што реално се применуваат во Република Македонија, а биле предмет на хармонизација со европското законодавство. Оваа анализа има двојни цели: Првата цел е да се утврди јазот и празнините помеѓу европското сфаќање за демократијата и македонското восприемање на европските демократски стандарди и принципи, додека втората цел е да се лоцира раздорот и отстапките од нивната кохерентната примена на ниво на ЕУ и на ниво на Република Македонија. Ова е посебно важно поради ситуацијата на политичка криза во која се наоѓа Република Македонија - на крстопат помеѓу демократските и авторитарните принципи на владеење.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ana Nikodinovska Krstevska
Date Deposited: 02 Feb 2017 09:26
Last Modified: 02 Feb 2017 09:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17107

Actions (login required)

View Item View Item