Емпириско тестирање на Баласа –Семјуелсон хипотезата со специфичен осврт на стручниот труд на Џефри Пју и Боб Бичил од 1998 година

Josheski, Dushko (2010) Емпириско тестирање на Баласа –Семјуелсон хипотезата со специфичен осврт на стручниот труд на Џефри Пју и Боб Бичил од 1998 година. Contributions (11-12). pp. 1-10. ISSN 0420-0950

Full text not available from this repository.

Abstract

Постојат многу студии коишто ја тестираат Баласа-Семјуелсон хипотезата ,позната како Херод-Баласа-Семјуелсон ефектот. Едно од можните објаснувања е дека БДП пер капита не е добро објаснување за разликите во продуктивноста на трудот; зголемување(намалување) во релативната ефикасност на секторот за распределба со соседните земји која индуцира депрецијација (апрецијација) на девизниот курс. Откако го добивме бројот на коинтегрирачките вектори продолжуваме да видиме дали коинтегрираните вектори ни кажуваат нешто за соодносот на долг рок во нашиот модел. Likelihood ratio тестот на точно идентификувани ограничувања покажува дека константата е несигнификантна варијабла и можеме да потврдиме дека постои долгорочен сооднос во кој промените во девизниот курс се позитивно корелирани со промените на соодносот на германскиот индекс на потрошувачки цени (CPI) според индексот на цени во малопродажбата во Велика Британија. За да го тестираме релативниот паритет на куповна моќ (PPP) и да го поддржиме теоретскиот сооднос помеѓу варијаблите, ограничувањата се поставени на PPP знаејќи дека PPP и надолното движење во серијата покажува зголемување на нивото на цени во Велика Британија релативно според нивото на цени во Германија. Во нашиот Error correction model постои Error correction mechanism и коефициентот на векторот на коинтеграција ја мери стапката според периодот по која ендогените варијабли се приспособуваат. Во првата равенка Error correction mechanism-от е несигнификантен и негативен. Ако системот е надвор од еквилибриум, движењата на промените во девизниот курс ќе бидат надолни (се друго ceteris paribus) компензирајќи по 68% од дисеквилибриумот годишно. Во втората равенка Error correction mechanism-от е исто така несигнификантен но позитивен. Што значи дека ако системот е во дисеквилибриум промената на соодносот на германскиот CPI според британскиот индекс на потрошувачки цени ќе расте надоместувајќи 15% од дисеквилибриумот по година додека еквилбриумската стапка на девизен курс ќе биде достигната. Моделот имплицира дека, соодносот на продуктивноста на трудот во Германија и Британија, нема значајно влијание на објаснувањето на релативната промена на цените, ниту на девизниот курс спротивно на студијата на Beachil и Pugh (1998).

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dusko Josevski
Date Deposited: 22 Nov 2012 12:32
Last Modified: 22 Nov 2012 12:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1709

Actions (login required)

View Item View Item