Осигурување од одговорност на членовите на органите на управување кај АД

Koevski, Goran and Tusevska, Borka and Spasevski, Darko (2016) Осигурување од одговорност на членовите на органите на управување кај АД. Општествени промени во глобалниот свет. pp. 483-519. ISSN 978-608-244-353-9 I. International scientific conference

[thumbnail of Осигурување од одговорност начленовите на органите на управување кај АД.pdf]
Preview
Text
Осигурување од одговорност начленовите на органите на управување кај АД.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во последните децении на 20-ти и почетоците на 21-ви век,
светската корпоративна практика потврди дека „непријателското
преземање,“ „пробивање на велот на правното лице“,
концептите на одговорност на членовите на органите на
управување, предвидени во статусните закони, не се доволни за
да се заштитат интересите на друштвото, акционерите,
доверителите, вработените, и државата во еден поширок
општествен контекст.
Под влијание на пост-глобалната економска криза, бројните
корпоративни скандали и заострената политика на општествена
одговорност на компаниите, спонтано и многу логично во бизнис
сектор се наметнаа прашањето за осигурување од одговорност на
членовите на органите на управување во капиталните друштва.
Водејќи се од ова, осигурителните компании во светски рамки
многу брзо и лесно го пронајдоа својот интерес на ова поле, и на успешен начин ја проширија листата производи на пазарот на осигурување.
Ваката тенденција постепено, меѓутоа сигурно, ја манифестираше перспективата на овој вид осигурување, и тоа некаде прифатена во функција на „добро корпоративно управување“, а некаде како инструмент за заштита на бројните и различни стејхолдери(интересовни групи). Тргнувајќи од воспоставените споредбени практики и применливата законска рамка, истовремено земајќи ги предвид условите во бизнис секторот во Република Македонија, во овој
труд вниманието го насочивме на „осигурувањето на членовите
на органите на управување“ низ призма на осигурителните
компании во Република Македонија. Фокусот на нашето внимание
ќе биде на „осигурувањето од одговорност на членовите на
органите на управување“ како посебен вид осигурување, и како
веќе докажан инструмент на „доброто корпоративно
управување.“ Главната цел на овој трудот, е преку важечкото право во Република Македонија и актуелните ставови на осигурителните компании, да се истакнат клучните и спорни аспекти што мора да се земат предвид во интерес на сите непосредни и посредни
учесници.
Клучни зборови: осигурување, одговорност, штета, орган на
управување, полиса

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 30 Jan 2017 08:30
Last Modified: 30 Jan 2017 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17083

Actions (login required)

View Item View Item