Обуките и стручното усовршување на администрацијата во Република Македонија основа за ефективна јавна администрација

Denkova, Jadranka and Ordanovska, Ana and Denkova, Branka (2016) Обуките и стручното усовршување на администрацијата во Република Македонија основа за ефективна јавна администрација. In: Втора меѓународна наушна конференција: Општествените промени во глобалниот свет, March 2016, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Proceedings 2016-4.pdf]
Preview
Text
Proceedings 2016-4.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Обуката и едукацијата се процеси на прилагодување на вработените кон современите услови на работење. Обуката им овозможува на вработените стекнување на нови знаења и практични вештини потребни за работа, раководење, управување и организациско однесување според прифатените правила, регулативи, и стандарди. успешно да одговорат на барањата на работното место, промените на пазарот и потрошувачите. Континуираната едукацијата претставува основа за развој на вработените и напредување во кариерата, т.е за подготвување за вршење на идни работи. Стручното оспособување и усовршување на административните работници се клучни за интеграцијата во Европската Унија (ЕУ), па поради тоа треба да се прифатат како стратешко прашање и да се интегрираат во процесите на планирање, следење и евалуација на државните органи. Неможеме да говориме за стратегија на една организација ако ја немаме стратегијата за обука на човечките ресурси, ако немаме анализа на капацитетите на човечките ресусри, а истовремено анализа на потребите од стручно усовршување.. Ако погледнеме во најновите зааконски измени во однос на обуките и стручните усовршување ќе видиме дека Законот се осврнува само на видовите на обуки, начинот на нивната реализација и плановите за обуки. Воведувањето е процес на интегрирање на новите вработени во организацијата со цел тие да станат ефикасни членови на организацијата. Во овој контекст Законот се осврнува на Годишната програма за генерички обуки која се изготвува во електронска форма и содржи каталог на
Center for Legal and Political Research, Faculty of Law, Goce Delcev University, Shtip, Republic of Macedonia
88
понудени генерички обуки. Покрај генеричките предвидени се и специјализирани обуки кои се вршат заради стручно усовршување на административните службеници во однос на посебните компетенции. Покрај ова, Законот предвидува и реализација на обуки преку електронски ситеми или во училница како брз и ефикасен начин на обука на административните службеници со користење на мали финиансиски средства и минимални човечки капацитети. Новина во Законот се менторствата и испитот за стручно усовршување на административните работници. Оттука, ова истражувањето кое се осврнува на интервју со админстративни службеници во 21 државен орган над 30 испитаника и анализа на законските документи, за да се согледа пристапот на законодавецот и одговорните лица кон обуките во администрацијата како значајна алка во процесот на ефикасно менаџирање со човечките ресурси во администрацијата. Резултатите од истражувањето упатувааат на тоа дека постојат бројни примери на добра пракса од реализирани обуки во Република Македонија. Но сепак, од голем број на спроведените обуки произлегува заклучокот дека истите не се темелат на планска стратегија, туку се резултат на личните потреби на поединци и/или на надворешните донатори кои ги финансирале обуките. Политиката на државните органи е за воспоставување на систематскиот пристап при проценувањето на потребите од обука и нивното планирање во насока на зголемување на ефективноста на администрацијата во РМ. Освен определбата на Владата на РМ за анализата на потребите за обука во насока на системско поставување на потребите за обука, сеуште не постои системско поставување на процедурите и правилата околу програмите за обуката и нејзина координација согласно стратешките цели на државниот орган, одбирањето на лицата кои ќе бидат обучувани, процедурите после завршувањето на обуката, пренесувањето, складирањето и зачувувањето на знаењето. Со јасна процедури и критериуми за обука изразени на транспарентен начин ќе овозможи градење на ефективни административни работници кои имаат одговорен однос кон работата. За да може да се се создаде ефективна државна служба, и да се постигнат целите на организацијата истата треба да е целосно посветена на развојот на сите вработени, врз фер и еднаква основа. Обуката треба да биде поврзана со општите и конкретните цели на државниот орган, да ги идентификува програмите и активностите за учење и развој за поединци, тимови и за целата организација
SECOND INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE: SOCIAL CHANGE IN THE GLOBAL WORLD, Shtip, September 03-04 2015
89
Клучни зборови: процедури, обука, планирање, селекција, програми, администрација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 30 Jan 2017 13:05
Last Modified: 30 Jan 2017 13:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17075

Actions (login required)

View Item View Item