Taleski, Vaso (2016) Медицинска микробиологија и паразитологија - практикум. ISBN 978-608-244-298-3.
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Практикумот по „Микробиологија со паразитологија“ е наменет како учебно помагало за
студенти на Високата здравствена школа од насоките Физикална терапија, оптометрија и
забни техничари-протетичари. Тоа се насоки кои немаат секојдневни комуникации ниту
честа потреба од услугите на микробиолошките лаборатории.
Практикумот може да гo користат и студенти на други Високо медицински школи во
Републикава и на други насоки на кои со програмата е предвидено изучување на овој
предмет.
Материјалот обработен во практикумот е според предвидената програма и часовите за
споменатите студиски насоки.
Студентите ќе ги прошират своите вкупни познавања од медицината преку запознавање
со практична работа во микробиолошка лабораторија и со можностите за современа
микробиолошка дијагностика на најзначајните бактерии, вируси, габички и паразити.
Предвидено е да се одржат и обработат дванаесет вежби во предавалните на ФМН и во
микробиолошка лабораторија. Во микробиолошката лабораторија студентите ќе се
запознаат со сите постапки од приемот на разни видови материјали до добивање на
конечната дијагноза, со толкување и издавање на резултатите, ќе бидат присутни и ќе
учествуваат во практична работа и изведување на некои дијагностички процедури.
Во подготовка е практикум во кој пообемно се обработува материјалот и е наменет за
останатите насоки (лаборанти, медицински сестри и акушерки) кои имаат единствена,
секојдневна или многу честа комуникација, потреба или работа со микробиолошките
лаборатории. Делови од практикумот може да го користат и студентите на II циклус на
студии.
Од авторот
ПРЕДГОВОР КОН ВТОРОТО ИЗДАНИЕ
Првото издание на Практикумот по микробиологија со паразитологија (за студенти на
стручните студии) беше одлично прифатен од студентите на кои им беше наменет како и
од студентите од останатите насоки и ги задоволи потребите за современо изведување
на наставата.
Дополнетото издание на Практикумот по „Медицинска микробиологија и паразитологија“
е наменето како учебно помагало за студенти на Фармација, Дентална медицина,
Стручни студии (Високи медицински школи), и студенти на II циклус на студии од
соодветни насоки. Може да се користи и од студенти на Општа медицина.
Некои вежби од првото издание се доработени а второто издание е надополнето со 9
нови вежби со кои се покрива материјата според предвидената програма и часовите за
споменатите студиски насоки.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vaso Taleski |
Date Deposited: | 27 Jan 2017 10:35 |
Last Modified: | 27 Jan 2017 10:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17036 |
Actions (login required)
View Item |