Услуги во аптеките – стратегија на развојот во ЕУ

Angelovska, Bistra (2016) Услуги во аптеките – стратегија на развојот во ЕУ. Фармацевтски информатор (44). pp. 17-21. ISSN 1409-8784

[thumbnail of 15..12.УСЛУГИ ВО АПТЕКИТЕ.pdf]
Preview
Text
15..12.УСЛУГИ ВО АПТЕКИТЕ.pdf

Download (873kB) | Preview
[thumbnail of index.html] Text
index.html - Published Version

Download (78kB)

Abstract

Фармацевтскиот проект на Европската Унија (ЕУ) е одраз на желбата на фармацевтите од ЕУ да ја популаризираат професијата фармацевт и да ја подобрат фармацевтската пракса во општеството.
Активната улога на фармацевтите во примарната здравствена заштита може да допринесе за јакнење на влијанието на аптеките во општеството, на ефикасноста и ефективноста на здравствените системи. Развиената мрежа на аптеки во сите европски држави носи голема предност што треба да се искористи на најдобар начин.
Европската фармацевтска заедница, во соработка со другите социјални и здравствени партнери и националните власти, работи на пронаоѓање на нови начини за подобрување на јавното здравје, квлитетот и ефективноста на здравствениот сектор во рамките на националните одговорности за здравствената заштита. (Изабел Адено, Претседател на PGEU, 2012)
Европските власти бараат начини за оптимизација на употребата на лековите, подобрување на ефективноста на фармакотерапијата и намалување на вкупните трошци за здравството.
Знаењата и вештините на европските фармацевти можат да осигураат постигнување на овие цели.
Во фокусот на овој труд ќе бидат услугите во аптеките во земјите на ЕУ, воведување на нови услуги и улогата на фармацевтите и нивните асоцијации во општеството при спроведувањето на стратешките интереси на професијата и на здравството воопшто, а при изработката се користени официјални документи на PGEU. Податоците се обработени и прикажани со соодветна дискусија.
Воведувањето на нови услуги во аптеките е дел од стратешките определби и произлегува од изразените потреби на општеството, пациентите и другите здравствени работници.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 25 Jan 2017 11:23
Last Modified: 25 Jan 2017 11:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16963

Actions (login required)

View Item View Item