Apasiev, Dimitar and Maksimova, Elena (2016) Криминолошки аспекти на проституцијата – со посебен осврт на античката правна уреденост. In: Third international scientific conference "Social change in the global world", 1 Sept 2016, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Zbornik konferencija UGD IIITOM I Pravo MAKSIMOVA APASIEV.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Иако и денес проституцијата претставува социо-патолошка
„тегоба“, таа има своја историска димензија, која говори за
потребата од нејзино перманентно следење и проучување.
Следејќи го човештвото во чекор, од самото појавување на
цивилизацијата, започнува и потребата од нејзино третирање
како сеприсутна аномалија, за што се наметнува како нужно
навлегувањето во корените на појавата и нејзина детална
анализа. Постои огромна доза на рефлексија на
феноменолошките карактеристики на проституцијата од
Римското право во позитивната криминологија, особено во
поглед на појавните облици. Затоа во трудов, опфаќајќи ги
криминолошките аспекти на проституцијата и нивната историска
еволуција, навлегуваме во нејзиниот правен третман и ги
согледуваме позитивните и негативните искуства од
спротивставените ставови на државните апарати. Навраќајќи се
на почетоците на третманот и криминолошките обележја,
воочуваме колку и во каква насока се развила оваа социо-
патолошка појава и какво влијание има нејзиното третирање и
воопшто општествениот интерес, во насока на регулирање или
сузбивање. На став сме дека сè она кое се провлекува со
развитокот на човештвото – притоа останувајќи доследно во
своето постоење, па дури и во појавните компоненти – заслужува
да му се оддаде континуитет во проучувањето и компарирањето,
со цел да се дојде до заклучоци за причините, а и за потребата од
појавата воопшто.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Sociology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 21 Dec 2016 11:10 |
Last Modified: | 17 Dec 2024 09:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16875 |
Actions (login required)
View Item |