Apasiev, Dimitar and Ampovska, Marija (2016) Locatio conductio од Римското право и неговите современи „правни наследници“ (I). Зборник на трудови од Трета меѓународна научна конференција Општествените промени во глобалниот свет, 1. pp. 463-482. ISSN 978-608-244-353-9
Preview |
Text
trud 2 konf. 2016.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Водејќи се од несомнениот факт дека римското облигационо право никогаш не умрело, овој коавторски труд го проследува неговиот „втор живот“ преку еден негов мал сегмент, односно преку сложениот договор кој во римското договорно право се нарекувал locatio conductio. Овој труд, со помош на историскиот и нормативниот метод, ги проследува видовите на овој договор од Римското право (Ius Romanum) преку нивните посебни карактеристики, а сè со цел да ги стави во една компаративна перспектива на современото облигационо право. Во таа смисла, вториот дел од трудот се однесува на правните правила со кои во македонското позитивно право се уредени договорите за кои сметаме дека се правни наследници на римскиот locatio conductio. Но, со оглед на расположливиот простор, тука – во првиот дел од оваа планирана трилогија – е опфатен само договорот за закуп (locatio conductio rei); додека, пак, договорот за дело и договорот за работа ќе останат да бидат разгледувани во некоја следна прилика. Договорот за закуп ќе биде анализиран во насока на неговите карактеристики кои се јавуваат како пресликани правни стандарди или, пак, како правни правила кои своите корени ги имаат во ненадминливото Римско право. На овој начин, авторите прават обид да го прикажат влијанието на општествените промени врз овој конкретен правен институт и тоа, најпрво, во смисла на историските промени што се предизвикани кај овој мошне значаен вид на договорни односи, а потоа и од аспект на оној сегмент кој се јавува како константа при еволуцијата и за којшто може да се каже дека општествено-економските промени немале некое позначајно влијание.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Marija Radevska |
Date Deposited: | 21 Dec 2016 11:03 |
Last Modified: | 21 Dec 2016 11:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16872 |
Actions (login required)
View Item |