Семантиката на „женскоста“ во лириката на Џахит Кулеби или: апотеоза на едноставната поетика

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2016) Семантиката на „женскоста“ во лириката на Џахит Кулеби или: апотеоза на едноставната поетика. Hikmet, Journal of Scientific Reasearch, 14 (27). pp. 50-60. ISSN 1857-5935

[thumbnail of Lusi Karanikolova Cocorovska trud Hikmet 27 v 5-1.pdf]
Preview
Text
Lusi Karanikolova Cocorovska trud Hikmet 27 v 5-1.pdf

Download (635kB) | Preview

Abstract

Оваа статија прави попис, квантификација и семантичка квалификација на категоријата „женски“ ентитет во лириката на турскиот поет Џахит Кулеби.
Фокусот на вниманието е насочен кон вкупно седум т.н. „женски“ песни (тоа се песните со „женско“ заглавие) во изданието ма македонски јазик, при што, на увид се ставаат оние синтагми со разнородна морфолошка градба (најчесто од именка и придавка, само именка, само придавка, со присуство и на глагол и заменка) или пак метафори, компарации и проширени компарации што подразбираат атрибути по однос на жената и женскоста, во манир близок до народната поезија и лесен за рецепција и за неопитниот читател.
Во оваа поезија која е инспирирана и блиска до исказот на народната песна и чиј генерален квалификатив е едноставноста на кажувањето, темата на жената и „женскоста“ е природно вкоренета во неа, до толку што го неутрализира секогашниот јаз меѓу источното и западното поимење, колку спрема жената и „женскоста“ толку и спрема животот воопшто.
Најпровокативна од сѐ во таквиот едноставен, но не и и симплифициран поетски исказ е семантичката квалификација на т.н. „женски“ ентитети. Зашто имено, токму едноставноста на стихот допушта тие да се доживеат како едноставни, од една страна, но од друга, кокетноста имплицирана во нив, како терминална точка во процесот на „дешифрирање“ на значењето придонесува за богати значења во процесот на нивната рецепција.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 14 Dec 2016 10:44
Last Modified: 14 Dec 2016 10:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16841

Actions (login required)

View Item View Item