Интелигентен систем за автоматизирано управување со пластеничко производство

Bogatinov, Goce (2016) Интелигентен систем за автоматизирано управување со пластеничко производство. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[thumbnail of Интелигентен систем за автоматизирано управување со пластеничко производство.pdf]
Preview
Text
Интелигентен систем за автоматизирано управување со пластеничко производство.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Технологијата на безжичните сензорски мрежи овозможува предност во производството и сигурност за човекот преку разните индустриски апликации и примени. Примената на оваа технологија во сферата на земјоделството, која бара поголем човечки труд и напор во споредба со другите индустрии и недостатокот на ИТ апликации, додава вредност и овозможува зголемена продуктивност.
Целта на овој труд е да создаде активна околина и автоматизиран интелигентен систем преку употреба на безжични мрежи и сензори за напредно производство на земјоделски производи кои се одгледуваат во пластеници.
Понудениот систем има можност за собирање и мониторинг на податоци кои се поврзани со производството и околината на одгледување. Сензорската мрежа е поставена во внатрешниот пластенички дел, како и на надворешниот дел на средината за мерење на метеоролошките услови. Како додаток, системот врз база на добиените податоци може да овозможи автоматско или рачно управување на внатрешните услови преку далечина, со што се оптимизира продуктивноста на одгледувањето.

Клучни зборови: безжична сензорска мрежа, земјоделство, пластеник, земјоделски продукти.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 12 Dec 2016 14:27
Last Modified: 12 Dec 2016 14:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16823

Actions (login required)

View Item View Item