Економски теории на јавен избор

Gaber, Stevan and Gruevski, Ilija (2016) Економски теории на јавен избор. Годишен зборник, 10. pp. 49-61. ISSN 1857-7296

[thumbnail of trud11.pdf]
Preview
Text
trud11.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Ова истражување овозможува дополнителни „динамични“
разгледувања во процесот на гласање што ќе се додадат на „статичкото“ разбирање на моделот на среден гласач и хипотезата на Тибут. Се констатира дека промените во составот на гласачи ќе влијае на профилот на среден гласач што за возврат ќе има ефект на „побарувачката“ за јавни добра, кој произлегува од создавањето на „нов“ среден гласач. Ова значи дека: 1) индивидуите, трудејќи се да ги максимизираат нивните преференции, ќе го адаптираат однесувањето на применетите владини политики; и 2)законодавците и јавните службеници, трудејќи се да ги максимизираат нивните политички профити, ќе ја задоволат побарувачката генерирана од страна на „динамичниот“ среден гласач. Клучен елемент на моделот на јавен избор е признавањето на постоењето кружна причинска врска создадена од одлуките на средниот гласач со владините политики.Тоа подразбира дека промените во владините политики се ендогени за системот и дека се креирани со имплементацијата на политиките.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Stevan Gaber
Date Deposited: 24 Jan 2017 12:25
Last Modified: 24 Jan 2017 12:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16806

Actions (login required)

View Item View Item