Dimova, Cena and Naskova, Sanja (2016) Орално здравје и превентива на орални заболувања - скрипта. ISBN 978-608-244-333-1 1.
Preview |
Text
skripta-word.pdf - Published Version Download (951kB) | Preview |
Abstract
Скриптата со наслов „Орално здравје и превентива на орални заболувања -скрипта” наменета за студентите од Дентална медицина и Стручните студии за забен техничар-протетичар. Поделена е во единаесет методски целини.
Во првата единица: Вовед во предметот: Орално здравје се дава осврт на важноста на оралното здравје, како интегрален и многу важен дел на општото здравје на човекот.
Во втората единица: Биолошки механизми на заштита на оралната лигавица се опишуваат ткивните карактеристики на оралната лигавица со посебен осврт на функционалните карактеристики на оралните ткива.
Во третата тема: Фактори кои предизвикуваат нарушување на оралното здравје детално се опишани можните општи и локални фактори, како и фактори од надворешно и внатрешно потекло кои може да предизвикаат или да придонесат за нарушување на оралното здравје.
Следната тема: Епидемиологијата на пародонтологијата и на оралните мукозни заболувања ги обработуваат епидемиолошките карактеристики на парадонталната болест и на оралните мукозни заболувања.
Во следните три наслови: Превенција на пародонталната болест, Превенција на пародонтопатија кај групите со висок ризик за настанување на болеста и Превенција наорални мукозни заболувања се објаснети превентивните аспекти кои придонесуваат да се намалат можностите за развиток на парадонталната болест и некои орални мукозни заболувања.
Во осмата тема: Орално здравје кај популација во напредната возраст се обработуваат специфичните карактеристики со кои се одликува оралното здравје кај повозрасни лица.
Во деветтата единица: Орална хигиена во функција на зачувување на оралното здравје се обработува важноста на оралната хигиена во секојдневното одржување на оралното здравје, преку приборот и техниките на одржување на орална хигиена.
Во следната тема единица: Исхрана и орално здравје се потенцира значајноста на исхраната во прилог на зачувување и одржување на добро орално здравје, кое е нераскинлива алка од синџирот на компоненти за обезбедување на солидно оралното здравје.
Во последното поглавје: Промоција на орално здравје и едукативни програми се презентираат аспектите со кои се врши промоција и унапредување на оралното здравје преку соодветни програми и методи.
Авторите
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 09 Dec 2016 13:37 |
Last Modified: | 09 Dec 2016 13:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16787 |
Actions (login required)
View Item |