Дигитални системи на управување 1

Gelev, Saso (2016) Дигитални системи на управување 1. Goce Delcev University, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-244-341-6

Full text not available from this repository.

Abstract

Развојот на науката и новите технологии, според мислење на многу, наговестуваат поквалитетни промени во областа на производството и општеството воопшто.
Брзиот развој на компјутерските и комуникациските системи овозможил значително зголемување на протокот на информации, а високата автоматизација во индустријата се повеќе го става човекот во положба само на набљудување на производството.
Појавувањето на дигиталниот компјутер извршело големо влијание на сите подрачја на човековото работење, па и автоматското управување не останало поштедено. Дигиталната технологија на управувањето имала влијание на сите нивоа, од големите процесни погони, во кои имаме десетина па и стотина меѓусебно поврзани компјутери, до најмалите примени каде минијатурни компјутери се вградуваат во секоја па и во најмалата јамка на автоматското управување. При тоа улогата на проектантот на системот на автоматско управување не е многу променета. Задача на проектантот е да избере (пресмета, проектира) соодветен регулатор со кој системот би се управувал. Под влијание на регулаторот, се менува однесување на системот и тој почнува да се однесува на саканиот начин.
Автоматското управување го набљудуваме како процес каде во игра секогаш се најмалку двајца учесници:
- дел кој се управува и кој можеме да го наречеме објект на управување, и
- дел кој управува и кој можеме да го наречеме субјект на управување.
Целта на оваа материја е студентите да се запознаат со базичните знаења за дигиталното управување кое не е поврзано со технологијата и начинот на реализација, и поради тоа не застарува. Поради тоа во текстот не се осврнуваме на начините на реализација на дигиталното управување
Овој учебник е наменет пред сé за студентите од електротехничката струка на прв циклус студии од сите насоки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како еден од основните учебници по предметите Компјутерско водење на процеси и Дискретни системи на управување кои се изучуваат во VI семестар од нивните тригодишни или четиригодишни студии.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 05 Dec 2016 09:40
Last Modified: 05 Dec 2016 09:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16759

Actions (login required)

View Item View Item