Говорниот чин барање и модалноста како негова карактеристика во меѓујазикот на македонските изучувачи по странски јазик

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija and Daskalovska, Nina (2016) Говорниот чин барање и модалноста како негова карактеристика во меѓујазикот на македонските изучувачи по странски јазик. Прва меѓународна научна конференција (филологија, култура, образование). Зборник на трудови. УГД, Штип, Р.Македонија . pp. 247-255.

[thumbnail of FILKO-sodrzina.pdf]
Preview
Text
FILKO-sodrzina.pdf

Download (753kB) | Preview
[thumbnail of BI 1.pdf]
Preview
Text
BI 1.pdf

Download (619kB) | Preview

Abstract

Целта на овој труд е да се направи анализа и истражување на говорниот чин барање и да се опише модалноста како негова карактеристика кај студентите–изучувачи на германскиот јазик од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Истражувањата се базираат на анализите и резултатите добиени од проектот „Улогата на експлицитните инструкции за анализа на прагматичките компетенции кај студентите по англиски и германски јазик како странски јазик" („Die Rolle der expliziten Anweisung in der Entwicklung pragmatischer Kompetenz im Englischen und im Deutschen als Fremdsprache” / „The role of explicit instruction in developing pragmatic competence in learning English and German as a foreign language”/ , проект што се изведува на Филолошкиот факултет во Штип. Проектот е инспириран од важноста на прагматичките знаења и компетенции, кои треба да ги владеат студентите по странски јазици и да им овозможи на студентите да комуницираат соодветно во јазикот цел и соодетно на тоа да дејствуваат и да општат на изучуваниот странски јазик.
Постојат повеќе различни класификации на модалноста, но сите тие се однесуваат на оцената на говорителот и на содржината на исказот. Модалните глаголи и модалните зборови во поврзаност со наведениот говорен чин се разгледуваат како лексички показатели на модалноста. Го разгледуваме говорниот чин барање преку изразување на три различни типа барање: а) барање на информации, б) барање за извршување на некоја активност и в) барање на дозвола. Се даваат репрезентативни примери добиени од анализите спроведени кај студентите кои студираат странски јазик (германски), добиени преку тестот за дискурсна анализа, интервју или игра по улоги.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 05 Dec 2016 09:57
Last Modified: 05 Dec 2016 09:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16756

Actions (login required)

View Item View Item