Женскиот идентитет и менталитет на една руска и една македонска Ана (или: за родовата „другост“ на Толстоевата „Ана Каренина“ и на „Ана“ на Јован Котески)

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2016) Женскиот идентитет и менталитет на една руска и една македонска Ана (или: за родовата „другост“ на Толстоевата „Ана Каренина“ и на „Ана“ на Јован Котески). Прва меѓународна научна конференција „Филко“, Зборник на трудови, Филолошки факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISSN 978-608-244-308-9

[thumbnail of Lusi Karanikolova Cocorovska trud Zbornik FILKO 2016.pdf]
Preview
Text
Lusi Karanikolova Cocorovska trud Zbornik FILKO 2016.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Оваа статија се занимава со родовата себеидентификација на две книжевни Ани – Толстоевата Ана Каренина и Ана од позната истоимена песна на Јован Котески.
И двете, во своето романескно, односно стихувано опкружување се поставени, односно оставени надвор од говорната ситуација. Тие се третото лице за кое, во случајот со руската Ана зборува омнисцентот, а во песната на Котески поетскиот субјект, во кој не е тешко да се препознае гласот на поетот.
Женскиот идентитет, освен од позиција на наратор, односно поет, т.е. лирски субјект, го препознаваме уште и во најмаркантните „женски“ белези на двете херојки: кај Ана Каренина тоа се нејзините раце и очите, а кај македонската Ана, малкуте атрибути што поетот ги соопштува за неа: „косите што ги чешла“, „широките рамења“ и „везените чорапи“.
И во едниот и во другиот случај, и во рускиот роман и во македонската песна се обидуваме да го лоцираме „женскиот“ идентитет или Другоста, од машка позиција (авторитативниот раскажувач и поетскиот субјект, алијас поетот), а преку тоа и обид да се препознаат своевидни белези на рускиот, односно македонскиот менталитет. Женски, во секој случај.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 02 Dec 2016 14:45
Last Modified: 02 Dec 2016 14:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16752

Actions (login required)

View Item View Item