Blazevska Buzarovska, Karolina (2016) Скрипта по оптометрија. ISBN 978-608-244-319-5.
Preview |
Text
KB .pdf Download (359kB) | Preview |
Abstract
Нашиот вид ни дава можност да ги гледаме предметите и да ги разликуваме по боја и облик. Некои луѓе може да гледаат подобро од други, што е карактеристика за некоја рефракциска (прекршувачка) грешка или степен на одредено очно или системско заболување.
Видна острина (visus) е показател за тоа колку една личност може да одвои две точки како посебни на одредена далечина и е карактеристика за централниот вид – кога гледањето е насочено кон одреден предмет. При гледањето се користи делот од ретината наречен макула, составен исклучиво со чепчињата кои реагираат на светло и распознавање на видот и се одговорни за централниот вид. Честопати погрешно се користи терминот за испитувањето на централниот вид како испитување на вид, кој го опфаќа и испитувањето на периферниот вид - виднополе.
Најчеста причина за оштетување на видната острина се:
- Рефракциска грешка, каде очите се здрави, но поради нивната несоодветна величина или прекршувачка сила не ја прекршуваат светлината точно на ретината. Поради тоа е потребна корекција со одредена оптичка јачина како би се фокусирале предметите точно на самата ретина.
- Очни болести, кај кои не може да се постигне подобрување на видот без да се отстрани (излекува) очната болест - на пример, кај катарактата каде има нарушена видна острина и не може да се подобри со корекција со оптички леќи без да се изврши
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Karolina Blazevska Buzarovska |
Date Deposited: | 28 Nov 2016 12:01 |
Last Modified: | 28 Nov 2016 12:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16725 |
Actions (login required)
View Item |