Креирање и имплементирање на менаџмент-стратегија во здравствена установа со фокус на влијанието на одделот ИВФ (ин витро фертилизација) во ПЗУ Ре-Медика

Iljoska, Srebra (2016) Креирање и имплементирање на менаџмент-стратегија во здравствена установа со фокус на влијанието на одделот ИВФ (ин витро фертилизација) во ПЗУ Ре-Медика. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Magisterska- Srebra Iljovska.pdf]
Preview
Text
Magisterska- Srebra Iljovska.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Болничката индустрија во текот на изминативе две децении доживува значајни оперативни и технолошки достигнувања поради развојот на информатичката и комуникациската технологија. Како и во повеќето услужни индустрии, согледани се тешкотии во мерењето на болничката продуктивност, со тоа и дефинирањето на излезите, како и специфичните односи меѓу пациентите, односно корисниците и давателите на услуги. Во текот на последиве години биле разавиени неколку пристапи, односно методологии кои се фокусираат на задоволството на клиентот, истовремено вклучувајќи го и максималното искористување на капацитетите на една организација.
Додека пак, за мерењето на ефикасноста на работата на одделни внатрешни единици кои се анализирани во трудов, може да се заклучи дека идеална мерка на болницата за инпутот на една внатрешна единица во аутпут на друга внатрешна единица е во мерењето на заедничката ефикасност на самата болница и согледување на факторите кои влијаат врз истата.
Основна цел на ова истражување е да се потенцира важноста на соодветна стратегија за внатешните единици, нивното влијание и зависност во однос на здравствена установа како целина, за да понудат квалитетни здравствени услуги на пациентите. Дел од целите на истражувањето е потребата од мерање на ефикасноста на работата на одделните внатрешни единици на болницата, како насока од понудените стратегии. Односно, вклучување на детални информации и аспекти, од инпутот на една внатрешна едининица, преку аутпутот на друга внатрешна единица, до согледување на ефикасноста на целата здравствена установа и факторите кои влијаат врз истата. Поточно, потенцираме колку првичните влезови на пациентите остануваат да ги користат услугите од истата болница и по завршувањето на третманот на ИВФ-одделот, преку амбулантските и хоспиталните услуги на една пациентка, анализирани во секоја година и споредено помеѓу петте години. Исто така, потребно е да се истакне значењето на анализата и мерењето на ефикасноста на конкретен оддел или цела болница, со цел менаџментот да има постојан увид за реалната слика за ефикасноста на здравсвената установа.
Клучни зборови: стратегија, имплементација, пациенти, ефикасност,

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 28 Nov 2016 10:05
Last Modified: 28 Nov 2016 10:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16681

Actions (login required)

View Item View Item