Golubovik, Milena and Tatesi, Bekim and Isjanovski, Igor and Blazevska, Karolina (2015) Макуларна ретиношиза и нејзината семиотска важност. Mak Med Pregled, 69 (1). pp. 41-45. ISSN 0025-1097
Preview |
Text
retinoshiza MMP.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Вовед. Поимот ретиношиза означува раздвојување
во слоевите на неуроретината. Може да се случи во
периферните делови на ретината, но исто така и
во регионот на макула лутеа кога зборуваме за
макуларна ретиношиза.
Макуларната ретиношиза се јавува како една од
карактеристиките на повеќе хередитарни заболувања. Според офталмоскопскиот изглед, лесно
може да се поистовети со цистоиден макуларен едем.
Иако макуларните промени, во двата случаја, со
текот на време доведуваат до намалување на
видната острина, дистинкцијата на макуларните
промени е од семиотска важност во диференцијалната дијагноза на ретиналното заболување, сто
е од значење од поширок медицински аспект.
Целта на трудот е преку приказ на случај со ретко
хередитатрно заболување да се покаже важноста и комплементарноста во дијагностичките
методи, особено на ОЦТ и неговото значења во
поставување на точна дијагноза.
Приказ на случај. Во трудот е презентиран пациент со макуларна ретиношиза во рамките на
Голдман-Фавреова витреоретинална дегенерација.
Тоа е хередитарно заболување кај кое, покрај
шизни промени на ретината во пределот на ма
кулата, се јавуваат и промени на пигментниот епител во пределот на медиоретината. ОЦТ наод кај
нашиот болен покажува цистична хипорефлексна
промена во фовеата, со палисадно ориентирани
помали хипорефлексивни промени помеѓу плексиформните слоеви и во внатрешниот грануларен
слој во пределот на макулата. На флуоресцеинска
ангиографија во пределот на макулата не постои
излив на боја, но во пределот на медиоретината
евидентни се промените на пигментниот епител.
Сепак, периметриското иследување не покажа
дефект во видното поле.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Karolina Blazevska Buzarovska |
Date Deposited: | 23 Nov 2016 14:26 |
Last Modified: | 23 Nov 2016 14:26 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16650 |
Actions (login required)
View Item |