Apostolova, Natasa (2016) Менаџмент на логистичките процеси во меѓународната бизнис логистика. Masters thesis, University of Goce Delcev.
Preview |
Text
Magistarska - Natasha Apostolova.pdf Download (918kB) | Preview |
Abstract
Логистиката е едно од клучните прашања врзани за менаџментот на компаниите,
што претставува сериозен предизвик за сите менаџери кои управуваат со
напредни и сложени логистички процеси.Менаџмент на логистичките процеси е
стратешко управување на набавката, движењето и чувањето на материјали,
делови и готов инвентар (и информации во врска со тековите) низ организацијата
и маркетинг каналите на таков начин што сегашната и идна профитабилност се
максимизирани преку ефективно извршување на нарачките.
Целта на менаџментот на синџирите на снабдување е управување на односите со
добавувачите и потрошувачите за да се постигне најголема вредност на
потрошувачот, со најмали трошоци на синџирот на снабдување како целина. Така,
глобалните синџири на снабдување стануваат се покомплексни, поради
неизвесноста и тежината на контрола врз нивните активности. Неизвесноста
произлегува и од недостаток на знаење за појавата и текот на ризиците, како и
неусогласеност со локалните услови на пазарот. Координацијата станува
посложена поради дополнителните трансакции на валутите во повеќето фази во
процесот на дистрибуцијата, а потенцијално усложнување додаваат царината и
трговските бариери.
Интернационализација претставува зголемување на функцијата на членовите на
синџирот на снабдување. Меѓународните извори како составни делови на
меѓународните пазари на готови производи, се во пораст пропорционално како
што трговската размена се зголемува.
Клучни зборови: менаџмент, синџир на снабдување, меѓународна логистика
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Vaska Zdravkova |
Date Deposited: | 23 Nov 2016 12:15 |
Last Modified: | 23 Nov 2016 12:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16640 |
Actions (login required)
View Item |