Употреба на различни подвижни забни трупчиња при изработка на работни модели во стоматолошката протетика

Vladikova, Julija (2016) Употреба на различни подвижни забни трупчиња при изработка на работни модели во стоматолошката протетика. Other thesis, Goce Delcev University .

[thumbnail of Специјалистички труд лекториран на Јулија Владикова.pdf]
Preview
Text
Специјалистички труд лекториран на Јулија Владикова.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Со примена на Pindex апаратот можат да се издупчат канали во гипсот за поставување на двојни (дуплекс) колчиња, а со примена на Top Spin (автоматска ласер дупчалка) се врши ласерско дупчење и поставување на колчињата за изработка на подвижни забни трупчиња во стоматолошката пракса. Со примена на различните методи и апарати во стоматолошката пракса се добиваат работни модели со подвижни забни трупчиња со кои се обезбедуваат подобра ретенција, стабилизација и ориентација за нивно правилно поставување.
Целта на специјалистичкиот труд беше да се направи компарација меѓу работните модели изработени од различни видови гипс со подвижни забни трупчиња со метално колче и да се согледа разликата во ретенцијата и стабилизацијата што можат тие да ја обезбедат на забните трупчиња.
За реализација на поставената цел беа изработени вкупно 15 работни модели од супертврд гипс, поделени во три групи според видот на употребените метални колчиња од PINDEX System:
- прва група: 5 работни модели со S PIN едно колче;
- втора група: 5 работни модели со B- PIN од тврд гипс;
- трета група: 5 работни модел со Bredent колче.
При секој работен модел беа поставени по четири метални колчиња, односно вкупно 60 метални колчиња. Потоа беа изработени подвижни трупчиња и секое подвижно забно трупче беше извадено и ставено во своето лежиште по 30 пати.Растојанието беше измерено со шублер. Со макроскопска визуализација и микроскопска анализа беше утврдено дали постоеше промена на позицијата на подвижното забно трупче.
Врз основа на реализираното истражување и извршеното тестирање и врз основа на крајните резултати од испитуваните примероци може да се види дека се добиле слични резултати помеѓу тестираните групи.
По направената споредба на добиените резултати за разликите на растојанијата помеѓу трите системи и резултатите покажуваа незначајна статистичка важност (разликата на растојанијата кај првата група примероци е 0,0537, кај втората група 0,0485, додека кај третата е 0,001).
Испитуваните системи обезбедија добра стабилност и ретенција на забното трупче со метално колче со кое, пак, понатаму ќе бидат одбегнати неправилностите и недостатоците при изработка на идните надоместоци врз трупчињата.
Императив за идната работа ќе бидат добрата едукација и правилната примена на едноставни системи на подвижни забни трупчиња кои овозможуваат прецизна и квалитетна изработка.
Клучни зборови: апарати, забни трупчиња, модели, современи методи, стоматолошка протетика.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Nov 2016 14:47
Last Modified: 22 Nov 2016 12:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16635

Actions (login required)

View Item View Item