Korubin, Ilin (2016) Современ менаџмент - контрола на храна, како главен предуслов за здравјето на човекот. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
MAGISTERSKA1.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Квалитет на храна е она што е карактеристично и прифатливо за конзументот на истата и се состои од надворешни фактори како што се: големина, форма, боја, сјај, постојаност, текстура и вкус, како и внатрешни стандарди: хемиски, физички и микробиолошки.
Дефинирањето на квалитетот се спроведува со Акт за Безбедност на храна од 2002 година во Р.Македонија. Поради сомнежот на потрошувачите во квалитетот на храната од контаминација кој може да се појави во текот на процесот на производство, потрошувачите се потпираат на стандардите на производство и преработката на храна.
Покрај квалитетот на содржината, мора да бидат истакнати и санитарните услови. Квалитетот на храната, се врши со следливост на производот, од контролорите на производството, добавувачот, пакувањето и датумот. Меѓу другото се занимаваат со точноста на етикетирањето каде што се наведуваат точните состојки и информации во врска со производот.
Овде се истакнуваат меѓународните стандарди за квалитет кои што се основани во 1961 година во институтот Монд, Брисел, за тестирање на прехранбени производи со цел да се укаже на високиот квалитет на производите. Пред да се истакне дека еден прозивод ги исполнува стандардите за квалитет, потребно е да се направат следните анализи: сензорна, бактериолошка и хемиска. Наодите се донесуваат врз основа на следните карактеристики како што се: вкус, здравје, етикетирање, декларирање,(каде се наведува начин на употреба и рокот), пакување, заштита на околината и иновациите.
Во современ контекст целата храна што се внесува, мора да ги исполнува стандардите за квалитет пред конзумација на истата.
Клучни зборови: Квалитет на храна, контрола, анализа, менаџмент, опрема и стандарди, штетни фактори, закон за безбедност, следливост, конзумација.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 04 Nov 2016 12:54 |
Last Modified: | 04 Nov 2016 12:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16619 |
Actions (login required)
View Item |