Вегетативно размножување на некои ароматични видови стимулирано со употреба на ауксини

Troicki, Julijana (2016) Вегетативно размножување на некои ароматични видови стимулирано со употреба на ауксини. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Posledna verzija 17 10 2016.pdf]
Preview
Text
Posledna verzija 17 10 2016.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Фитохормоните се во центарот на истражувањата во растителната физиологија повеќе од еден век. Истражувањата за растителните хормони, на моменти се сметале како прилично нејасна тема, но со систематската примена на генетичките и молекуларните техники доведоа до клучни согледувања кои ја ревитализираа оваа област. Од откривањето на ауксините па сè до денес, тесна е поврзаноста на овие фитохормони во стимулацијата на развојот на кореновиот систем. Во последните децении улогата на ауксините во вегетативното размножување, особено во расадничкото производство, е значајна во процесот на стимулирањето на ожилувањето на расад и садници.
Во ова истражување стимулирано е вегетативното размножување на резници од ароматичните видови рузмарин (Rosmarinus officinialis L.), жалфија (Salvia officinialis L.) и бозел (Sambucus nigra L.) со користење на ауксини IAA, IBA, NAA и комерцијален хормон К1 - Radicin, во споредба со контролата К, каде не е употребено ауксин. Истражувањата се изведени во три поставувања, во два различни периоди пролет/лето и есен/зима во адаптирани пластенички услови, при што се следени некои морфолошки карактеристики и процентот на вкоренување на резниците. Истражувањата покажаа дека со употреба на IAA, IBA и NAA во концентрација од 5 ppm може да се зголеми процентот на вкоренетите резници кај рузмарин до 100%, што се изедначува со ефектот на комерцијалниот препарат во периодот пролет/лето.
Клучни зборови: ожилување, IAA индол-3-оцетна киселина, IBA индол-3-бутерна киселина, NAA нафтил оцетна киселина, жалфија (Salvia officinialis L.), рузмарин (Rosmarinus officinialis L.), бозел (Sambucus nigra L.) .

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 03 Nov 2016 13:05
Last Modified: 03 Nov 2016 13:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16618

Actions (login required)

View Item View Item