Судбинската енергија на поетската реч (За поетската судбина на Гане Тодоровски, Атанас Вангелов и Тодор Чаловски)

Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2016) Судбинската енергија на поетската реч (За поетската судбина на Гане Тодоровски, Атанас Вангелов и Тодор Чаловски). Палимпсест, Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Lusi Karanikolova Cocorovska trud Palimpsest br 1.pdf]
Preview
Text
Lusi Karanikolova Cocorovska trud Palimpsest br 1.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

: Оваа статија претставува обид за приказ на судбинската поврзаност на поезијата на поетот со неговиот живот, карактер и судбина, преку примерот со поезијата на Гане Тодоровски, Атанас Вангелов и Тодор Чаловски. Се поаѓа од тезата дека поезијата е судбина за поетот, дека поезијата „личи“ на поетот, на неговиот живот, дека таа дури и знае да го предодреди патот на поетот, за потоа, тоа да се аплицира и анализира преку одбрани стихови од поезијата на овие тројца македонски поети. Овде не се застапува ставот дека од судбината зависи животот и поезијата на поетот, туку емпириски потврдената вистина дека личноста на поетот ја „обликува“ и неговата поезија. Во таа смисла се даваат и субјективни впечатоци по однос на личноста на овие поети, заедно со соодветен коментар каде тие „елементи на личноста“ се наоѓаат во нивната поезија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lusi Karanikolova
Date Deposited: 03 Nov 2016 12:59
Last Modified: 03 Nov 2016 12:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16606

Actions (login required)

View Item View Item