Tusevska, Borka (2015) Прекуграничното спојување на трговските друштва. In: Охридска правна школа: Новите предизвици во уредувањето на правните односи во духот на Европските вредности, 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
Прекугранично спојување.pdf Download (10MB) | Preview |
Preview |
Text
Прекугранично спојување на трговските друштва.pdf Download (236kB) | Preview |
Abstract
Спојувањето на трговските друштва претставува исклучително сложена проблематика која допира до повеќе сегменти на приватното право. Компексноста на ова проблематика посебно доаѓа до израз на теренот на прекуграничното спојување на трговските друштва што како статусна промена вклучува повеќе прашања од конкурентското, трудовото, компаниско, облигационо право. Спојувањето на меѓународно ниво нема само приватно правен карактер. Прекуграничното спојување како концепт го допира и јавните интереси на секоја национална економија, оттука и големото внимание и значање на ова проблематика во заедничкиот европски пазар.
Прекуграничното спојување како модерен концепт на создавање вредности имплицира економски развој преку создавање глобални конкуретни трговски друштва во светски размери. Во основа, преку регулирањето на постапката за прекугранично спојување, економската логика на Европската Унија (во понатамошниот текст ЕУ) беше да создаде конкуретни трговски друштва во меѓународната трговска заедница, кои рамо до рамо со светските гиганти ќе одговорат на потребите на бизнис и потрошувачкиот сектор.
Сепак, секоја економска логика нужно мора да биде следена од соодветна правна рамка која ќе ја следи економската законитост, истовремено, ќе превенира повреди на правниот поредок.
Целта на трудот е преку анализа на примарното и секундарното законодавство за прекугранично спојување, да ги анализираме предностите и слабостите на постоечкиот правен режим за прекугранично спојување, со фокус на прашањето за бенефицијарноста на овој концептот и позицијата на субјектите чии интереси преку спојувањето во најголем обем се доведени во прашање.
Клучни зборови: спојување, припојување, доверители, малцински акционери, работници, економски развој.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 02 Nov 2016 13:29 |
Last Modified: | 02 Nov 2016 13:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16578 |
Actions (login required)
View Item |