Трудово право - рецензирана скрипта

Majhosev, Andon and Belovski, Vojo (2012) Трудово право - рецензирана скрипта. . (Unpublished)

[thumbnail of Trudovo_pravo_avtorizirani_predavanja2012.pdf]
Preview
Text
Trudovo_pravo_avtorizirani_predavanja2012.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Трудовото право како гранка на правото е една од фундаменталните правни дисциплини. Некои автори оваа правна дисциплина уште ја нарекуваат наука за работните односи, бидејќи во најголема мера таа ги проучува правните норми, начела, принципи и институти кои се однесуваат на трудот и работниот однос. Денес, Трудовото право има големо значење во системот на правни дисциплини и правниот систем на секоја држава, бидејќи трудот (работниот однос) е основата на секоја држава, без разлика на степенот на општествено економскиот развој на истата.
Денес во академската средина генерално преовладуваат два основни пристапи во изучувањето на овој предмет. Едниот пристап се однесува на изучување на трудовото право во потесна смисла (само работните односи) и вториот пристап е проучување на трудовото право во поширока смисла на зборот, каде освен работните односи се изучуваат и правата на социјално осигурување.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Sanja Stefanova
Date Deposited: 22 Nov 2012 10:15
Last Modified: 07 Aug 2015 08:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1657

Actions (login required)

View Item View Item