Проф. д-р Милица Шкариќ ќе одржи мастерклас по пијано во Белгија

Проф. д-р Милица Шкариќ, која предава на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, од 4 до 8 април ќе одржи мастерклас по пијано во Белгија. На мастеркласот ќе учествуваат младите пијанисти Лоранс Мот ди Фалис, Роман Декувиј, Ема Фарево, Бенжамин Думонт, а покрај нив и Петре Штерјов од Музичката академија при УГД. Заедно со проф. д-р Шкариќ тие ќе обработуваат композиции од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Фредерик Шопен, Клод Дебиси, а како македонски белег во овој дел ќе бидат застапени дела од Томислав Зографски. Завршниот концерт на мастеркласот е закажан за 8 април, а на него ќе бидат изведени композициите од Зографски „Минијатури оп.11 за соло пијано“ и „Соната ин Це за две пијана оп.142“ од пијанистите Петре Штерјов и Бенжамин Думан.

 

 

 

 

Пријавување на испити во октомвриска (дополнителна) сесија
25.10.16

Се реализира од страна на студентите.

Предуслов: Минимум 42 поени од предиспитни активности за редовни студенти, за предмети кои се со формат различен од 0+0+X).

Предуслов: Предметот да не е положен и да нема незатворена пријава за истиот. Доколку се пријавува по 4-ти пат, се работи за комисиска пријава.

Предуслов: Соодветна уплата за пријава за испит (плус уплата за пријавување во дополнителна сесија) (ценовник).

- СП 2009/2010 и идни: Преку еиндекс.

- СП 2007/2008, СП 2008/2009: На шалтер на студентски прашања.

21/10/2016
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за пријавување на испити...